Ќе седам дури не ми се испразни главата и не изветреат сите нервози, празно да ми е. И после ќе си одам, мразам самотија и не би потрајала сама со себе толку долго. А пливање/сунчање/вриштење во меѓувреме се подразбира.
Ех што би правела? Ќе се рашетавам како чукната по тоа островот нАли да ја задоволам мојата љубопитна природа и да испитам се‘. Така случајно ќе рушам нога на нешто (ова гарант!) и одма му ѕвонам на доктор Алекс Карев.Ќе му речам Докторе, мене ноџе болело, плис хелп Тој прво ќе ме погледне малце сомнително Спојлер во стил Ама ти не си арна баш ама после ќе се досети дека можеби сонцето ме мавнало во глава, па стварно не ми е арно. И трчи трчи како Супермен се преслекува со брзина на светлината (но со гаќите ПОД панталони) и ми доаѓа вакови ми вели Јас тебе лечел, ти немој ич секирала. И така ќе го легнам еднаш, колку да не е за џабе лечењето
Не, не јас никако не припаѓам таму . Инсекти околу мене, животинчиња.. аууу ме плаши самата помисла. Мене дома ако има еден комарец цела вечер ќе ме јаде, а пак таму ко ќе ме нападнат сите тие ситни ѓаволчиња.. Сигурно би размислувала како да се спасам од островчето.
Ќе уживам, ќе си се сончам релација море - плажа ништо друго мераци, посмирувачки здравје нема да се замарам со ништо.
Да бидам на пуст остров одреден период да речеме месец дена чинам ќе се препородам. Сакам да бидам сосем сама. Ќе седам и нема да правам ништо, добро де ќе размислувам, ќе го исчистам мозокот од секакви глупости. Ќе се бањам, ќе јадам лесна и здрава храна, ќе го гледам излезот и залезот на сонцето, ќе ги гледам ѕвездите, ќе го гледам небото. Подоцна би прочитала неколку книги ама она навистина добри книги. Кога би се вратила би започнала сосем нов живот, нови навики, нови цели.
Дефинитивно ќе ослабам некое кило, па пуст е мајка му стара. Нема месишта, туни, нескафиња и интегрални грицки... Само трави и по некој кокос чат пат. Ама кога ќе си дојдам, а а а а
Би уживала, би се сончала, би јадела манго и папаја, би се сликала по бикини иииииииии би нашла некој згоден дечко да ми игра стриптиз
Ауф да сум си на пуст остров со дечко ми воопшто не би ми сметало, ем да си симнам килце некое ем да си се одморам психички од се!
Еххх да бев сега на некој пуст остров дечко ми под рака,може и некое радио,музика да ечи и таман нема дома да се вратам со години само да имам нешто кое ќе ме штити од зивотинките уживанцијааа
...конечно ќе здивнам..и земањето на воздух нема да ми биде со брзина на светлината поради немањето на време да ДИШАМ
Со задоволство би отишла но сепак да имам услови со што ќе можам да преживеам би се сyнчела и прошетала малку околу островот
Да кажеме дека вегетацијата и големината на островот е како на Lost серијата има неколку работи Прво и осново ке го прошетам островот , некаде на средината ке најдам добро прибежиште каде ке почнам да го градам мојот дом , но бидејки сум на пуст остров нема да биде обичен дом туку замок како на робинсо крусо . Додека барам камења остри за дрвата да можам да ги исечам и да почнам да создавам алати , ке го направам огнот ... највероватно ке ми го спаси животот да не се смрзнам ... но тука доага храната , и решение за тоа ке протрчкам низ островот ке најдам некое овошје или зеленчук ке ги ичупам корењата и ке направам ко мини-нива до мојот дрвен замок. откако мојата FOTRESS IS DONE време е да се проширува , но затоа ке најдам некое суштество (највероватно некој пеликан ) и ке почнеме да се размножуваме ... нашите хибрид деца ке почнат да работат и да го населуваат островот како мини-кина... откако ке научат да летаат моите деца ке можам да имам војска како на FLASH филмот , тие летачките луге ... ке ги истренирам да изградат куки, пристаништа , бараки , разни објекти потребни за проширување на империјата Тогаш ке почнеме да градиме бродови и ке ги научиме категориите како медицина , пецање , издржливост , војска и основна технологија ... започнува населување на околните острови , искористување на нивните ресурси и појавување на првите напредни оружја со нив и понапредните бродови ке се изградат ке направиме летачки дрвени бродови за да би владееле со воздухот и водата и така од тамо мојата војска која брои милиони летачки хибриди ке почне бавно но сигурно да ги зазима океаните и да завладува со нив на лугето кој ке ги сретнеме по патот ке им понудиме помош да ни се придружат како и да им помогнеме да изградат нивна цивилизација која ке ни помогне во трговијата и бизнис-менаџмент и така со мојата војска прв град на напад ке биде Скопје да ги заробам сите будали што биле, се и ке бидат на власт полиција и државни болници и ке ги вратам на пуст остров каде ке оджуваме гладиаторски битки помегу нив ... откако ке дојдам на власта ке и ја предадам на некоја личност кој знам дека ке се грижи за народот и ке заминам за пустите острови каде мојата империја ке владее вечно * заборавив дека кога ке ја измислиме музиката ке биде = http://www.youtube.com/watch?v=SHiRTS57RJk&feature=related