1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што би правел јас без тебе (Гијом Мисо)

Дискусија во 'Книги' започната од alekce83, 13 март 2012.

  1. alekce83

    alekce83 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    903
    Допаѓања:
    1.133
    Пол:
    Женски
    Габриел во својот живот има само двајца мажи - татко ѝ и првата љубов. Едниот од нив е угледен полицаец а другиот познат крадец. По игра на судбината, дваjцата одамна исчезнуваат без траг, притоа оставајќи празнина во срцето на Габриел.
    Еден ден, и тоа во исто време се враќаат во нејзиниот живот. Тие се знаат еден со друг и во исто време толку се мразат што се спремни да се провоцираат меѓусебе до смрт...
    Габриел доаѓа во ситуација да бира помеѓу човекот кој го сака и татко ѝ, а најмногу од сѐ би сакала да ги заштити, смири и да ги сака подеднакво до крајот на својот живот. Меѓутоа, во некои ситуации смртта е незибежна. Освен ако...
    Книгата може да се најде во книжарниците на Топер.Топло ви ја препорачувам, книга што ќе ве држи во неизвеснот од првата до последна страна!
     
    На mime87 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Beauchamp

    Beauchamp Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2011
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    5.607
    Пол:
    Женски
    Ах,мојата прва книга од Гијом Мисо :)
    (Мислам дека не е Гијам :^) )
    Почнав да ја читам,стигнав повеќе од пола.. Ми излегоа милион обврски тој период и никако не ја дочитав.. :emo:
    Иако ја немам прочитано веќе бев при крајот,и знаев што следува :D
    Ја препорачувам посебно за оние заљубените :)

    И ептен ги сакам книгите на Г.Мисо,се читаат во еден здив буквално.. И сите до една му се преубави на посебен начин!! :)
     
    На rak4estip и alekce83 им се допаѓа ова.
  3. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.944
    Допаѓања:
    10.075
    Грешка си, Гијом е сигурно :)

    Инаку имам прочитано 2 книги од него „Затоа што те љубам“ и „А потоа“. Има интересен стил на пишување човеков, неизвесно е дејството до последните страни, само малку ми се врти слична трематика во книгиве, нешто надреално, некој умира или исчезнува, па после се враќа некако. Во секој случај ако најдам време би ја прочитала и оваа, интересно ми делува.
     
  4. bibip

    bibip Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2011
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    101
    Книгава е прекрасна,само што ја завршив,прекрасна приказна за тоа колку истрајна може да биде една љубов,неизвесно и возбудливо до крај.Едноставно се чита во еден здив...
     
  5. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    417
    Ми се допадна, не е лоша.
     
  6. Mimi123

    Mimi123 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.015
    Допаѓања:
    1.186
    Кога почнав да ја читам многу ми беше интересна сакав се повеќе и повеќе да знам и кога дојдов негде до средина на книгата многу ми беше досадна, но го истуркав некако тој дел и крајот исто беше возбудлив.