Некои ги нарекуваат ,,заменски реченици,, Тоа се оние кои ги изговараме тогаш кога длабоко имаме потреба и желба на некого да му ја отштрафиш главата , ама сфаќаш дека тоа е погрешен начин, па се празниме на вербален начин Кои се тие тешки зборови?
Ништо. Имам проблем, ако дојдам до овој степен на лутина, разочараност и бес, станувам агресивна и само си одам зашто во спротивно ќе биде многу лошо. Спуштам слушалка ако е на телефон, во живо се вртам и се тргам од личноста.
И јас ништо. Знаејќи се себе колку можам да у*серам работа, научив да си го држам јазикот под контрола. Или ако веќе некој сака да ме закача, и да ме прави нервозна, тогаш си најдов модус: со насмевка му враќам кратко и јасно си иста мера, без перде, ама не со погрдни зборови и по можност пред публика Ми стана јасно дека тоа многу нервира Иначе, во младоста сум употребувала од псовки , па со ,,сељак....проста...глуп....,
Јас сум си од тие што на ум тоа на друм. Ама ако пишам ќе ме цензурираат овде. Ептен сум си импулсивна, пцовките ми се составен дел од секојднеието, си пцујам и ако не ми е нешто по ќејф, едвај се воздржувам на работа, а и дома пазам да минимизрам поцсти пред детево, ама па си пцујам под мустак. Инаку, да иронична насмевка помага... Ама, тоа е, не сум дама, така сум си скроена да си викнам и да си се испразнам од бесот.
Јас па не можам да се осмелам да мавнам шамар на некого. Или пак не ме имаат изнервирано до крајна точка. Ама кога ќе ме изнервира некој најчесто превртувам очи и се вртам на страна или ќе речам нешто потивко намерно за да не слушни личноста, па кога ќе ми рече "Што?!" тотално игнорирам и заминувам. Или ако имам добар comeback враќам со тоа. Поретки се случаевите кога пцујам ама и тоа се случува.
Пцујам се по список, у фаца... Вреѓам со најдолни зборови, не бирам нит мислам. Понекогаш се дерам на цел глас. И не ми е криво. Боље тоа него ли да лежам некој у затвор. Фмп.
Импулсивна сум многу одма почнувам да викам и да се пресметувам физички вака мирна изгледам на прв поглед и така многу се залажуваат и опуштаат со мене и после коа ќе се изгорат криво им е што така постапиле али јбг изглед вара
Само eyeroll, сарказам и заминување/прекинување на разговорот. Кревање рака не ми паѓа на крај памет, а и никогаш не се обраќам со експлицитни навредливи зборови, и не пцујам - барем не лично и директно. Never wrestle with a pig. You get dirty, and besides, the pig likes it.
Не се сеќавам кога последен пат сум "удрила шамар", ниту пак посакала да удрам. Мирољубиво суштесто сум, и пацифист. А од друга страна многу брзо ги проценувам луѓето, па успевам да прекинам контакт уште пред да дојде до ајрол и мавање шамари моменти.
Jaс бев многу мирна и тивка особа при нервоза додека не почнав да работам во продажба, на каса во наплатно/продажен центар. На почетокот се воздржував ама после неколку месеци работа сфатив дека ако не им се издереш и се понашаш фино и културно ќе ти се качат на глава па почнав да се карам, на повисок тон ама сепак културно оти морав.И ми остана тоа и признавам дека не е баш пријатно оти многу често јазикот ми е побрз од умот и кажувам се и сешто и може несакајќи да повредам некого. Ама пак затоа ретко се лутам, пробам да вдишам неколку пати за да се смирам, а и лутината ми поминува многу брзо, за 5мин веќе сум добра.
Една од чистачките на работа обожава да ми го коментира изгледот, пудрата, облеката. .. И ми е ептен преку глава . Денес баш ми идеше да и ја учукам една за да почне да си гледа пред неа. Наместо тоа ја погледнав, поќутев 5 секунди и и одговорив -јас имам мало дете, кој е твојот изговор? Та преку онаквата веќе. Еден ден косата ми немала доволно јак волумен за нејзин стандард и одма кај ми бил волуменот што и се случувало на мојата коса.. кој уопште збори за волумен на коса бре!?!?!
Всушност, свињите се многу чисти животни, кога се на слобода или имаат избор во живеалиштето. Стварта е што кога е многу жешко, се тркалаат во ладна вода, ама бидејќи луѓето не им оставаат таков избор во живеалиштето, се тркалаат во било што ладно. Башка што може да се и попаметни од кучињата и лесно се учат да вршат нужда подалеку од местото каде спијат. Стварно се кјут животни. Жалам за оффтопикот Ретко губам до толку контрола за да испцујам некого во фаца, удирање шамар е далеку од тоа. Можам да бидам цинична во моментот, или да кажам дека сум очекувала повеќе, или да одговорам со некој потсмев. Стварта е што тие што ме вадат од памет, немаат толку памет за да го сфатат тоа, па на крај џабе све, боље само да си се тргнеш и да ги баталиш
Јас сум темпераментна личност иако многу ретко ги искажувам тоа зошто избегнувам конфликт, дали било тука или во реален живот. Зато многу често избегнувам тема и само пишам рандом мислење в СДК да ми олесни. Зато и многу често ко ќе некој збора работи кои би ме изнервирале пред мене - мислам на пингвини. Имам залепено шамар, и сметам дека е грешно и сум се извинила и не можам да си простам зошто сум изгубила самоконтрола, мразам да изгубам самоконтрола. Во други случаи кога решавам да влезам во конфликт и да се карам, зборови бирам внимателно, со цел да повредам соговорникот. Не е тоа некој универзален збор, туку е нешто шо можам да го искористам од конкретната личност. Исто така, и на ова не сум горда, ама како велат, прв чекор во решавање на проблем е да се признае, па да се работи да се реши.
^^ Конечно некој да им го обели образот на свињите. Треба да се засрамиме сите што од наша неинформираност тие си влечат слика -валкани отсекогаш.