1.Многу бедно од твоја страна. 2. Не ми се појавувај пред очи. 3. Оди у пм. 4. Карма ис а бич... 5. Ќе дојдат и моите 5 мин.ќе ти земам и вратам повеќе одошто треба
Ништо, буквално ништо, мразам кавги, ептен ако морам, ама гледам да не морам, е ако за дете ми се работи подобро да не се знае другата страна што го чека на зборови. Шамар никогаш немам употребено, искрено и не можам да се замислам Инаку погледнувам, вртам поглед на друга страна и заминувам. Оставам ,, другите да бидат во право, " и си терам по мое
Пробај да видеш дека на почеток ќе ти биде потешко, ама после ти убаво ќе се чувствуваш. Зошто да се полниш со негативна енергија? Јас дури и моите кога нешто ми пререкуваат, ако сметам дека не се во право, не се контрам, сепак родители ми се, со поинакви размислувања и тоа е тоа, ама си терам по мое ако јас сметам поинаку. Нека си остане секој како што си мисли, па дури и да врега, нека биде тој победник во својата глава. Не можам и не сакам да трошам енергија непотребно. Како прво за нашето здравје не чини.
Секоја чест. Всушност на оваа тема имам голем проблем, имам проблем да блокирам негативни емоции кога доаѓаат негативни коментари и навреди особено кога доаѓаат од човек кој ти е близок, семејство. И упорно пробувам да докажам дека има проблем, дека треба да внимава на зборови, дека треба да прифати критика, дека треба да престане да пробува да се меша во туѓи животи. Не можеш да се помириш дека таа личност е толку себична и токсична на моменти. И упорно се измачуваш. Секоја чест што го применуваш ова. За шамар не применувам никогаш, но знам да искоментирам, да кажам нешто со бурна реакција, и потоа да се измачувам себе.
Верувај дека и јас имам такви, јас пробав еднаш, вториот пат на неубав начин им кажав, дискусијата заврши како виновник да сум јас, баш поради мешање кај што не им е местото. Упорно после години се мешаат. Ама знаеш што? За мене се како луге обични, невидливи, ги видувам 2,3 пати годишно на саат два, лимитирав видување, и не ме тангира она што го зборуваат. Со насмевка им возвраќам, кога се обидуваат да ме чепнат и си терам по свое. Претходно се обидуваа да ми заповедаат, сега велат ако можеш.. А знаат дека можам ама не сакам.. Не сакам да се нервирам за некој што не се променува, имам свој живот имам детенце дома кое му треба весела мајка. Не сакам да се полнам со гнев и тоа да ми се одразува во домот, посебно не на син ми. Кога бев помлада, не дека сега сум престарена, на се придавав значење, дури на факултет професор кога ќе изврегаше студент мене толку многу ми се одразуваше, што дома се враќав утепана психички. Не ми требаше долго да сфатам дека лугето се такви какви што се, и јас не можам да ги сменам, ама јас можам да се променам и да се зачувам себе. Имам дома и блиски кои секоја нервоза од секој небитен си ја претвораат во гнев, нервоза, лутина, бес.. Никогаш не би сакала да сум таква, затоа што јас за такви личности не сакам ни да зборувам а камоли да трошам нерви. Секоја нервоза и бес, гнев во нас што се собира многу влијае на човечкото здравје. Има околу нас многу што ги трошат нашите атоми, ама има и такви што душа за нас даваат. Е јас за себе и поради овие вторите гледам да си зачувам нерви и трпение.
Апсолутно си за се во право. Поради тоа што сум бремена во моментот (знам дека секоја моја нервоза ќе се одразува на бебенцето, понатаму дај Боже се да излезе океј, кога ќе се роди, повторно ќе му влијае) почнав да ставам граница, линија и да ги избегнувам тие луѓе. Некогаш мислам дека сум неблагодарна или можеби безобразна, но моето и здравјето на моето бебенце е поважно. Исто така, тие луѓе сега реагираат зошто имам такви граници кои се ставија откако забременив, бидејќи порано имав желба да им "помогнам" да ги разубедам, да ги сослушам... сега излегува дека бегам, ама немам друг излез. Бебето е пред се. Границата ќе продолжи и кога бебувче ќе дојде. Ти благодарам на дискусијава, некогаш помага да се слушне дека не си единствен со таков проблем.