Ете ме потсети одговорот погоре, убаво ќе беше да имав поголема сестра, па да ме поучуваше некогаш, ма да јас секогаш по мое си терам. Инаку ми фали дечко.
Џули кажи бројче.........не се шалам.....ако излезе се ко шо треба ќе ти донесам едни и таман ќе се запознаеме........ако тргам ќе ти пишам лп, за да ти ја остварам желбата
Јахта, со која ќе отпловам што подалеку дали со една избрана особа, или сосема сама кога ќе ми дојде преку глава од сите...
Би сакала да имам дечко , но сепак немам !!! Хммм , дали ќе најдам некој со кој карактерно ќе си одговараме ?
и јас калисто го посакувам истото ајде може оваа година е наша а би сакала и да бидам поодлучна и истрајна не е на одмет
и јас сакам да имам постар брат - да ми дава совети како треба со машкиве иако мислам дека ми се проучени ...некој совет не е на одмет
Љубов. Малку повеќе од родителската,уште повеќе од сестринската... Љубов кон студиите.Сепак,таа успевам да ја совладам и почнувам да го сакам тоа што го учам,и се надевам тоа што ќе го работам. И најважно...Немам љубов ...Од него. Знаете,девојки,секој оној што вели дека се може без љубов,или ве лаже вас,или се тешиот самиот зошто ја нема. Љубовта е се на овој свет,и кога ја немате неа,сме само машини,на кои рокот им истекува,кога тогаш... Толку многу имам љубов во себе,а немам на кого да му ја покажам....
Сакам да живеам на место, каде што парите не вредат ништо. Да нема завист и измами, да нема лакомија и алчност, да не постојат болести и секој да го има тоа, од кое што има потреба... Многу е наивно, никогаш нема да постои таков свет, знам, но го сакам...