Човекот е чудна некоја сорта и да му дадеш се пак нешто ќе излезе што ќе го мами да се бори да го добие оствари тоа што го посакува Тоа што јас сакам да го имам е толку блиску а сепак далеку, не се купува со пари , не се добива на поклон, не е скапоцено а не е ни безвредно, никој не може да ми го даде сама морам да ја подадам својата рака да го допрам и да си го земам
Бидејќи сум од луѓето што спијат многу помалку од 8 саати па, обично ова е веќе периодот од денот кога мојот хиперактивен мозок е скроз на скроз исцеден, очни капаци натежнати, а мозок не му се спие и не му се спие. Милиот он, ко мало дете си е... се му се трча, гол по можност, обожава да е на улица увек.... би јас да го имам тоа другото, спиењето, одмарањето мозок, повремено али кога ќе се преморам тоа. Секогаш се шалам за тоа, дека ако доживеам да се шетам по земјава (еј пред се да се возам за без пари во автобус) и на стари години и ме прашаат што пропуштивте во животот, јас секако ќе речам „да се изнаспијам ќерко“... ГО САКАМ ОНА ШТО ГО ИМААТ ДРУГИТЕ, ГО САКАМ И ТОЧКА. Да си легнат мирно и уште помирно да си станат после кој 8 кој 9 ....саати, а за викенди, неработни денови може и до кај 15. Јас би бар една тест вожња.
Кога би ми се воозможило едно нештоо што го сакам,а е можно да ми се оствари тогаш дефинитивно не би знаела за што да се одлучам од сите ониее желби што ги имам