Eдинственото нешто што го посакувам веќе долго време е 5-6 килца +, друго не ми треба - би било сувишно (како кажу брача сВрби)
Некој што ке ме сака искрено,и ке е тука покрај мене во секое време... а од материјална страна може една возачка и едно количе доста ми е
Најикрено прво би посакала здравје на сите па и на мене и на моето семејство, а најмногу ми недостасува едно бебе мало за кое се мачам да го направам подолго време, но Господ е Голем и мене ќе ми се насмевне и ќе ми помогне во таа моја најголема желба да стане реалност и конечно да станам мајка која ќе се буди до своето најмило чедо. На сите драги мои феминки ви посакувам се да ви се исполни што ќе посакате во животот, бидејќи животот е еден и треба да го живееме најдобро што можеме.
И јас тебе ти посакувам среќа што побргу да ти се испоолни желбата и да не израдуваш со убави вести!!!!
Twinkle twinkle little star, how I wonder where you are. I wish I may, I wish I might, win the lotto BIG tonight. Некогаш сакам работите во животот да се поинаку наредени, ама после убаво размислување имам доволно за да бидам среќна. Секако дека имам соништа што сакам да се остварат, ама тоа се повеќе од оние материјалните.
Моментално,верен и искрен дечко...да си поминам убаво летово и да заборавам на се....на некоја прекрасна дестинација...делекууууу
Како г-дин г-дин г-дин итн.г-дин Стефан Spoiler со сета почит ќе се изразам и ќе кажам дека сакам да имам мир и спокојство ! Со еден збор хармонија на секое поле !...е така !!
Сакам да имам натприродни моќи ,безгранично трпение , неисцрпна мудрост , слава , шлепер уреден како куќа ,потоа куќичка на дрво , сопствена зоолошка градина , вилински ушиња и боксерска вреќа ... Ако ми падне на памет уште нешто , ќе ве известам
Брзо ми текна ... Ја сакам назад мојата (за жал ) бивша најдобра другарка , од која сум разделена подолго отколку што ни траеше другарството , но и покрај сите мои маани ,таа умееше да ме прифати и да ме утеши кога ми беше најтешко ... И сакам да ги снема сите фаци што успеаа да ни се вмешаат во другарството и да го уништат она што со години сме го граделе . Еми те сакам !
Би сакала да имам храброст за да се соочувам со оние луѓе кои ме понижуваат и повредуваат. Би сакала да имам повозрасна најдобра другарка (се разбира дека мама е тука за мене но ...). И би сакала да имам повеќе трпеливост. Нервозата ми прави лошо. Ама тоа е ...
Билион долари, и среќна и задоволна ќе сум. Останато се ќе си купам. А од тоа што не може да се купи, што би рекле старите ксмет.