Ех да беше една работа...сакам свој стан, кола, сакам домашно милениче, сакам да имам завршено факултет и да имам добра работа...љубовта си ја имам уште овие раб и да уживаме заедно во нив. А после неколку години и нешто мало, слатко, најмилоо...
Многу нешта ми фалат во животов за да речам дека ми е 100% исполнет. Не верувам дека ќе дојде моментот кога тоа ќе го кажам но еве да набројам неколку работи што ги посакувам. 1. Кола 2. Дечко кој ќе ме сака ваква каква што сум 3. Не лимитирана кредитна картичка 4. Убава викендичка 5. Сопствен стан 6. Среќа и здравје за мене и за моето семејство 7. Да сум видовита
Моментално поскаувам дечкото да ме сака колку што го сакам јас а може и повеке од тоа хихихи што побрзо да си се земеме да имаме две дечиња и срекен живот исполнет со слога разбирање хармонија и добар финансиски статус и нормално многу љубов
Никој човек не би рекол дека има се во животот. Никогаш не сме задоволни со тоа што го имаме и кога ќе го изгубиме тогаш дури сваќаме што сме имале. Па, нешто што би го сакала да го имам , а го немам е: 1. Татко ми да е во подобра ЗДРАСТВЕНА СОСТОЈБА 2. СРЕЌНО СЕМЕЈСТВО 3. СРЕЌЕН ЖИВОТ (сите го сакаат ова, макар што е широк поим и секој поинаку го разбира ова ) 4. Повеќе пари (колку и да имаме секогаш сакаме повеќе, макар не сум од некое семејство кое може да си дозволи летен одмор, луксузи, скапи работи, се е пресметано до денар ) 5. Еден убав летен ОДМОР