Ми недостигаат луѓе,вистински луѓе во секоја смисла на зборот. Луѓе со карактер,а не бледи копии,луѓе со став,квалитетно мислење,добри луѓе на кои не им е главна цел да те растажат...
Само една ваква, и сите проблеми ќе си ги решам ... Се научив да живеам и уживам со она што го имам, не барам ништо повеќе, само една ваква нелимитирана картичка доволна ќе ми биде шопинзи, одмори, патувања, автомобили... се ќе си купам... А можда и среќата и ксметот што ги немам ќе си ги купам... Љубов имам, срамота е да се жалам, емоцинално сум исполнета, само паричникот ми е празен без ова картичево... Јас сум човек со полно срце, а празен паричник ама ако убаво ми е, од многу глава можда ќе ме боли... П.С. Скромна, е моето средно име .
Многу пари, е вака да се расфрлам со нив...Фала му на Бога друго се што сакам ми дал, затоа ова си го барам сега... Да не пресметувам, рачунам минус, плус, салдо позитивна нула... Уште тоа ми фали и да не е за подречување би било се перфектно...
па едно милион евра мислам дека ќе ми бидат доста да си ги остварам сите замислени цели само уште тоа ми фали и тогаш ќе бидам до крај исполнета
Изгледа поголем број сакаат пари. И мене ми фали тоа. Ама не ми фалат парите за да се расфрлам, ми фалат за да можат мајка ми и татко ми да ги исплатат сите долгови и кредити мака ми е веќе да ги гледам замислени и тажни како ги гледаат писмата од банка..
ако не се задоволуваш со тоа што го имаш сега, нема да се задоволиш ни кога ќе имаш повеќе ама ете сите сакаме нешто повеќе, сакам да имам поголемо семејство, и сакам едно авантуристичко патување
Никогаш не мислев дека ќе го кажам ова, ама имам се што сакам и сакам се што имам. Само куче едно ми фали во домов, ништо друго
Фигурата маж. Ми фали дечко во мојот живот. Мислам дека помина дури и премногу време од последниот. Сакам да сум зафатена,да ми стигаат пораки во ниедно време само со Те сакам,сакам да се карам,сакам да имам секс после караница... Што да правам,кога го немате едно нешто сваќате колку е важно. Сакам да знам дека има таму некој што мисли на мене и се труди да ме прави среќна,исто како и јас него. Ај,можеби некогаш.. Наскоро ...
Убаво рече хипица на почетокот колку и да имаме постојано сакаме уште нешто! Епа мене моментално ништо не ми фали но неостварена желба ми е една јахта! Аххх колку е убава!
Вака имам се што ми треба имам некогаш и ситни желби кои во иднина што си ги исполнувам и за сега ми е супер, но Spoiler сакам да имам помал брат имам поголема сестра што премногу ја сакам и неможам без неа ама...