Освен куќа на планина, најмногу од се’ би сакала да ме прати среќа во животот, Spoiler јас и среќата сме 2 различни поими, а би сакала да имам и барем уште една личност на која можам целосно да и’ верувам.
Ист факултет како овој на кој студирам, ама во Охрид. Ваква да ми биде глетката кога ќе ми се здосади на сред предавање.А ни од овие не би ми се слошило
Да ме прашавте пред некоја година -вака би рекла отприлика-картичка со неограничен лимит за шопинг А кој не сака?Ќе излаже....Може сеуште сакам,но нешто друго сакам најсилно Да имам пак нормална фамилија.А тоа би било доколку татко ми би бил жив.Го немам него,и единствено тоа сакам.Сакам да седнеме заедно на ручек,сакам да ни ја подели паричката за Бадник,сакам да излезам со него на кафе,да се слушаме по телефон,да го прашувам за совет-единствено тој знаеше каков совет ми треба...Ете тоа само сакам ,да беше жив тато...се ќе беше поинаку.Смртта и здравјето-не се враќаат,се друго материјално е нула кон ова.