Би сакала да имам татко (звучам како малечко девојченце). Сакам да можеше татко ми да беше тука да ме гледа како растам,да ме искара некогаш, да гледа како созревам, како веќе станувам воздрасна личност, да игра на мојата свадба, да се радува на внучињата, Толку многу работи би можеле да ги направиме заедно Премногу ми недостига
малку мозок да а сванам смислата на математиката и да продолжам без проблем да програмирам. се останато ке си дојде со текот на времето.
Нормална фамилија без додатни членови,едно место на зивеење не пет и се она сто го имаат нормалните лугје,нормален тек на секојдневието
Каква било кола, заради огромна потреба, и фиќо да е само да ми врши работа, да можам сегде да стигнам на време :/
Малку повеќе пари нема да ми дојдат лошо. Би сакала и повеќе мир, полесно секојдневие, повеќе време за одмор.
Би сакала да имам брз метаболизам да јадам колку што сакам а да не се дебелеам! а не вака мислам дека и водата се лепи за мене
-Натприродни способности. -Дух ,мој ,домашен ,мирољубив.Не мора да е со педигре. -Був или лилјак како домашно милениче ( и после мајка ми да ме капи со крстена вода ) -Геј бест френд.Немате појма колку сакам! -Солидно платена и по можност теренска работа ,која подеднакво ќе бара физичка и ментална спремност. -Постар брат...Имам помало и го сакам најнајнајмногу на светот (и дадето ,се разбира) ,ама друг е филингот кога бато е постар ,па се грижи за тебе ,па те тепа за поручек ,ручек и вечера ,понекад и за ужинка ,па кој ти е овој,ќе те кажам на мама/тато... -Фарма со секакви Божји животинки -Лиценца за убивање на бесполезни и деструктивни креатури .Сосе калаш ,немам пари да го купам И аман ,ко ќе треба да раѓам деца ,машко сакам ,никако женско!(смајлиштоМусемолинаБогасосетадуша) Spoiler Колку сум скромна
татко ми... ме фаќа криза секоја вечер.... тешко ми е без него, тешко ми е кога знам дека НИКОГАШ повеќе нема да го видам...врежан ми е во главава и срцево, ама... ПРЕМНОГУ МИ ФАЛИ!!!!!!!
И јас сакам постар брат и дефинитивно помалку нервози... Сакам и нормален живот. Сакам да заминеме фамилиарно во некоја земја, во која законите се почитуваат, платите добри, разходите поносими... да си заделјаме и некој денар и за одмори, да имаме можност да си купиме тоа, кое сакаме (рационално и без претерање се разбира) ...
во мојот живот последниве две години посакувам да ја имам мајка ми кој почина пред две години.ама жал ми е невожможно