Сакам да имам човек кој навистина ќе заслужува да му ја пружам сета љубов што ја имам во себе, а ја има многу! Сакам да имам мир и спокој во душата, да заборавам на сите лоши работи и луѓе кои ме опкружуваат! Сакам да можам на моите родители да им овозможам живот во кој повеќе нема да се грижат за ништо, како што тие мене ми овозможиле до сега... Сакам да бидам сакана од оние кои што ги сакам, како што заслужувам. Ни повеќе, ни помалку! Скромно...
Најдобриот другар што го изгубив Да можам да им вратам на моите со иста мерка за се шо направиле за мене
Еден дечко кој би ме носел едноставно на раце, да се труди за мене, да ме цени, поштова и сл. Едноставно ДА МЕ САКА онака како што заслужувам.
Да одам во Париз{таму да ги посетам сите можни места} и еден скромно уреден стан со поглед кон Ајфлеовата кула,таму да си седам со моето семејство и сакам многу здравје,љубов,мир и хармонија во семејството
поголема сестра, да бидеме така три, и поголема слога, ми фали сложност и по можност некое денарче плус и килограмче минус.
***СЕСТРА*** Многу сакам да имам ама немам имам многу блиски братучетки кои ми се како сестри ама КАКО .
Добра тема, баш ме натера да анализирам до кој степен во животот сум стигнала. :up: Хм...Во животот имам многу, но го немам тоа што најмногу го сакам. Другарка од филмовите. Тоа е тоа што фали мојот живот да биде совршен. Всушност, фалат многу работи, но за таква другарка сонувам и ќе сонувам, бидејќи со неа ќе се чуствувате сигурно како со никого дотогаш. Можеби овој став ќе го сменам некој ден, но сега засега тоа е. Сакам да имам таква другарка, но како што ги запознавам луѓето и нивната суровост и користољубивост, надежта ја снемува..
Сестра, да живеам во некоја куќа не голема али удобна. И сакам некој убав велосипед да возам како човек.