Сакам да имам вистински пријатели , сакам да имам поцврст карактер , кога ке кажам нешто да нема предомислување, сакам да сум поотпорна на мажи а не за секоја ситница да се нервирам , сакам да имам моја кола мој стан, сакам да немам подочњаци, сакам да имам поголема уста, сакам да не сум ги запознала луѓето кои ме повредиле,сакам некој да ме сака искрено, и за крај сакам да е баба ми покрај мене која ме советуваше секогаш , но таа замина.. :/
Би сакала да имам вистински пријатели и малку љубов, да немам нервози, да не се грижам за се и сешто. А друго што сакам е едни патики што ги меркам со месеци
Повеќе среќа во љубовта,вистински другарки на кои можам се да им кажам а од материјални еден Canon EOS 50D
Среќа ... Лубов... вистинскиот доживотен партнер кој ке ме сака безусловно ке ме цени, почитува и ке ми верува... Би сакала да имав сестра но за жал немам имам брат кој мн си го сакам ии би сакала да имам построг карактер друго не ми текнуваа..
Би сакала да имам сестра.Тоа ми беше многу голема желба ама за жал не ми се оствари.А би сакала и да постојат помалку лицемерни луѓе околу мене,некако се почесто ги сретнувам...
Би сакала да имам работа, стабилна и добро платена што целосно ќе ме исполни и куќа со голем двор каде ќе си уживаме цело семејство тоа е во моментот најмногу што ми фали.
би сакала да имам љубов и некоја личност што постојано ќе е до мене ќе ме разбира и нема да ме повредува.во животот имам се што некој може да посака освен љубов и разбирање.
да бидам дипломиран психолог иако за жал не студирам тоа да можам да им помагам на сите кои имат потреба
Да студирам архитектура баш каде што сум сега (Фр) ама за жал студирам друго И мојот сакан да дојде овде за да си бидеме заедно. Ова второво мислам дека ке ми се исполни ... може не во скоро време ама за година или година ипол да... А за првово... зошто да не... после па два факултета ќе имам хихиих