Искрена љубов,искрени пријатели и мирен живот од страна на луѓето кои што само преговараат за непотребни работи кои што не се нивна работа!!!
Пари Да имав пари,ќе го имав се` она што го сакам. Материјално гледано. Онака,не ми фали ништо,среќна сум и го живеам животот позитивно колку што можам. Немам некој преголеми очекувања,доволно ми е само да бидам среќна и да се има некој просек и средина на стварите
Немам топол дом, немам родителска љубов, грижа, љубов, внимание од нивна страна. Тоа ми фали. Само знам дека тоа го изгубив и замина во неповрат. Немав пари, може не сум си купила едно парче гардероба со месеци, патики цела година, лете-зима,го немав најубавиот телефон, не ми даваа по 100 ден во школо , ми даваат по 10-20 ден а некогаш ни тие ама бев среќна, живеев со тато, мама, бато и дада.. Само што бев во нивна близина ми беше доволно. Да ги гледам.. Бев мала кога почнаа бурните проблеми меѓу нас. Сето тоа се искрши веке, тоа веке не се лепи. Полека влегуваме по 7миот месец одкако не се гледаме, не разговараме, не живееме заедно. Едноставно сме како странци. Да, не разговарам дали на нив им е лесно или не, бидејки ништо од тоа нема да смени, бидејки нивните постапки , зборови сосема друго покажаа.... за едно дете е најважно да има семејна љубов, топлина и спокој. Најмногу во животот ми недостигаше тоа. Мечтаев секој изминат ден, час, минута, секунда.. Веке времето како тече ми ја ублажи болката и веке ми е полесно. Не сум преоптоварена со нив, што, зошто - како.. ама за тоа ми беа потребни челични живци.. На моменти бев слаба, крѓлива, солзи го облевале моето детско лице, трајни лузни се врежаа во моето срце, но пораснав, израснав во сигурна, возрасна девојка со јасна визија за својата иднина. Имав среќа, се снајдов, работев и за 200 ден, за основни потреби, спиев на плантажа, на орај, каде најдев. Последните 2-3 дена пред да заминав во Вевеј еден пристар пријател - работевме заедно, ја уконта работата и ме покани во неговата куќиќка, бев со нив 2-3 дена, со неговата бабичка. Немаат многу пари али сеуште се чуствуваше хармонијата во тој дом, љубовта меѓу нив двајца... Слогата, разбирањето..Потоа собрав пари и дојдов во Вевеј, работев по 2 работи, по полно работно време, собрав си убави парички. Сега имам доволно пари да си приуштам некое задоволство, и си приуштив. Имам нова гардероба, цел плакар, патики, чевли, нов телефон, кога излегувам не се стискам за една пијачка, ама не сум среќна бидејки во мојот живот ги нема моите најблиски ...
ме расплака со приказнава, ептен ми падна жал, се надевам еден ден ке си го добиеш посакуваното и пак ке имаш топол дом, ке си создадеш твое семејство каде што ти ке ја имаш улогата на мајка а не на ќерка и се надевам дека барем тогаш ке успееш да бидиш среќа и исполнета. и јас да не бидам офф ке кажам дека благодарна сум му на господ за се што ми дади, сакам во животот да имам се што имав до сега, и додека сум жива да не загубам никој и ништо.
Сакам да го имам дечково, секоја ден да ме буди вака...со гитарчево мх мх... http://www.youtube.com/watch?v=hBYymaN3 ... ure=relmfu
Се што сакам да имам во животот е да ми биде маж,дечко ми што моментално го имам и да имаме 2 прекрасни сина близнаци(ако јас му велам дека едно сакам кога си правиме муабет за тоа) ....секој ден се молам за оваа желба да ми се исполни...не велам дека немам ....но сепак тоа е она што најмногу го посакувам