Па...редно време е да се вработам , ми треба работа и тоа како, пари што требаат си требаат, него психата ќе почне да ме мава
Сакам да завршам факултет, да најдам убава работа и да си имам доволно парички за пристоен живот - за мене и друго: Сакам да нема толку глад и болести во светот
Аман бе, пријатели, сопруг бла бла. Како божем да не ќе ги имате тие работи понатака. Мислам дека темава е повеќе за некоја работа што би сакале да ја имаме, што посакуваме, а ја немаме и не можеме да ја имаме. Малку фантазија бе. Јас би сакала да имам една огроооомна вила, со базен и со што не внатре. Милиончиња на банка. Да бидам научник, рецимо како Ајнштајн, , да зборувам перфектно едно 10 јазици и да го шетам светот. Пријатели имам, другарки имам, сопруг ќе имам здравје боже, здравјето засега ме служи, епа уште ова горе да го имам... Аааа... и годините да ми останат на 23, никогаш да не се поместат нагоре, секогаш млада.
Не да имам, сакам да идам на Маракана, на утакмица на Звезда моја а како што гледам желбава во скоро време нема да ми се исполни. Сакам да идам да навивам, џабе ли сите навијачки им ги знам..
Единствено нешто по што трагам цел живот е дечко кој ќе биде цело време до мене,кој ќе ме цени, почитува и сака....но за жал досега само на спротивното од ова наидувам. И можеби ова не е нешто што не можам да го имам,сигурно ќе дојде време и тоа ќе го имам, ама баш во овој момент тоа ми недостига. Тешко е кога сите околу тебе се вљубени и среќни,а ти си сама...немаш некој да ти каже дека те сака,дека му недостигаш и дека не може без тебе....
Понеизбувлив карактер, посмирена личност, нормална комуникација со родителите, итн. Има повеќе работи.
сестра...имам брат да ми е жив и здрав ама отсекогаш ми фалела и една дада да ме успокои кога сакам да ја поштадам мајка ми од грижа за некој мој проблем или мака...
Немам ни брат ни сестра кога бев мала родителите ги молев да немам брат или сестра а сега ги молам да имам помала сестра но сега е касно..