Не тежнеам кон материјални работи, тие и онака се губат.. се што може со пари да се купи може да се има. А она што јас го сакам не може да се купи со пари.. Сакам некои личности во мојот живот, на пример постара сестра или брат.. да бидат секогаш тука за мене и да ме советуваат, да ми помагаат во животот.. и уште еден човек за кој сите викаат дека не ме заслужува и дека не ми е потребен, но и покрај тоа.. јас го сакам, да е со мене.. секогаш!
Би сакала да го имам него, но за жал го немам. Буквално кажано тој ме прави среќна, така да јас не сум среќна поради тоа што не сум со него
Ех колку желбиии имам што може и никогаш нема да ми се остварат за жал..Задоволна сум од животот не е до толку си имам прекрасен сопруг,најубаво синчее,преголемаа куќа(благодарение на свекорот)но се што највеќе ми фали е малку повеќе среќа да има маж ми,никако не може да најде асална работа веќе 3 години оди насекаде на разговори бара работа секаде и мала да му е платата бара само да е пријавен и да му е сигурна затоа што имам бебче и ни требаат сигурни пари секој месец а мене мало ми е бебето и не можам да работам нема кој да ми го чува,имаме се уште тоа ни фали малку повеќе среќаааааа,ама имам и други неостварени желби како што кажав и никогаш нема да ми се остварат за жал,на пример да ми се врати мајка ми од умрените таа ми беше најдобриот пријател во мојот живот секогаш ме подржуваше во се ме сакаше,ми недостига многу би сакала да се врати..нас луѓето никогаш ништо не ни е доста така да се сакаме
Во животот имам скоро се за да бидам среќна. Здрава сум јас и моите најблиски (тоа е најважно), долга и стабилна врска исполнета со многу љубов, малку но вредни пријатели, факлутетот ми оди одлично. Единствено што посакувам во овој момент е после магистрирањето(не е лошо и малку пред тоа ) да си најдам работа која ја заслужувам
Среќна сум со тоа што го имам, ама сепак би сакала поголем брат за да ме чува, и да му ја носам облеката а би сакала и еден пит бул. Доста скромно мислам дека ))