Не го гледам светот низ призмата на парите, сакам само секогаш да имам доволно за живот, повеќе не мора. Сакам убава работа. Сакам iPhone 5, и сакам убава гардероба. Највеќе здравје, среќа и љубов за мене и тие околу мене. Сакам да ме сака повеќе.
Е, ова да ми речиш, ептен животно прашање е... :geek: Хм, па малце повеќе пари, пред се здравје, срека и се ке си дојде на своето
Куќа со поглед на море или пак езеро, некое така тивко место, без многу галама на улица.. заедно со маж ми би уживале во погледот, со мали дечиња кои трчаат низ песокот.. ама полека, се ќе биде. Пред се здравје, љубов, среќа, пари .. другото ќе си дојде на место.
Пред се сакам да имам мајка на која можам да и се доверам како на другарка, која ќе биде секогаш тука за мене, која ќе ме сака без разлика на се, која ќе биде секогаш насмеана а не вечен намќор. Мајка која еднаш ќе рече е денес сум добро а не постојано да се жали од нешто и да измислува лажни болести. Сакам татко ми да најде подобра работа и да не се нервира секој месец кога ќе дојде време да се плаќаат сметките зошто не стигнуваат пари. Сакам нова зимска јакна зошто старата ја носам веќе од средно и цела ми е испокината. Сакам сестрами да има нови чизми и да не е секој ден водена во нозете. Сакам нови фармерки зошто преку глава ми е од крпење на старите.... И зошто животов е ваков не фер некои имаат пари на кои незнаат што да му прават а некои едвај крај со крај крпат..
Карактеристиките кои сега ми се најпотребни... Не ми е важно дали ќе ги најдам негде во мене, ќе ги стекнам, ќе ги научам, или ќе ги купам од пазар, само да успеам да ги набилдам некако и да ги задржам. Сама не сум свесна колку ми се потребни...
Доверба кон луѓето. Убаво е да се биде претпазлив, ама моево во страв има преминато.. Тоа е, шта чеш. Работам на случајов веќе некое време.