Се,се,се, ама ајде да ги издвојам најзначајните: -сестричка или братче (ама повеќе сакам сестричка) -гардеробер со складна облека, а не шаренило па да не можам да искомбинирам -ајфон -повеќе среќа -него (ќе го заборавев, ама ајде не ми е толку важен на овие години )
Знам дека треба да сме среќни со она што го имаме затоа што можеби некој тоа го нема а го посакува а неможе да си го дозволи но како и да е ќе се излажам ако кажам немам нешто што го посакувам.Долго време посакувам да се спуштам од многу високо место со падобран.Тоа ми е неостварлива желба.
Би сакала мозоков од песимистички вово по пооптимистички да го заменам. Тоа сигурно би ми ги дало што ги посакувам
би сакала да имам ресторант за свадби на отворено,или бензинска една солидно и да не заборавам бмв х6
Јас сум си скромничка. Сакам само една голема куќа со ѕидови од чоколаден пандишпам,покрив од желе бомбони,и внатре соби полни со Милка,Орео,сладоледи од Малага,карамели,торти,трилечиња..
Во моментов би сакала да имам едно бебенце, дечко ми да ми е сопруг и да продолжиме понатаму со животот.