Луѓе на кои ќе им плаќам за да ми завршуваат секојдневни досадни обврски, на пример чекање ред меѓу народ при одење у продавница, која напаст ми е тоа... сметководител исто така ми треба зашто и со тоа да се занимавам ме иритира... Сакам слава и да живеам во луксуз, може и умерен, не мора екстравагантно. Може и моќ што заедно со богатството би ја користела за да помагам и да правам добри дела.
Добра генетика. Неописно колку тоа влијае на целиот квалитет на живото и колку помалку влог бара со епигенетика да се контролира или подобрува. Зборам, генетски носиш предиспозиција за обезност, за висок крвен притисок, дијабетес, итн е доста зезната ствар, ќе бара да работиш х 2 за да заобиколиш. Се останато после тоа.
Буквално ништо, мислам дека јас сум најсреќната жена на целиот свет. Најзадоволната личност што би можела некогаш да се роди.