Сакам да го имам човекот што ми го украде срцето, тој ми е најголема неостварена желба. Истотака сакам да имам кученце шарпеи, и сопствен стан. Ништо друго.
За овој период од животот кога ми е ред да шетам,лудувам да се журкам сакам ДРУГАРКИ...кои ги немам...сакам луди журки,пијанства.....што никогаш не сум ги имала...
Моментално барем уште една сестра. Им се восхитувам на оние кои се три или повеќе деца во фамилијата...
Бидејки ја имам вистинската љубовта,а тоа е најважно,си имам прекрасна личност до мене која многу ме сака а и јас исто така. Би сакала да патувам низ многу држави, би сакала да живеам во убава куќа со среден двор и се разбира да биде преплавена од цвеќиња ( зависник сум од цвеќиња, обожавам да ги одгледувам ) може и едно BMW и секако малку повеќе парички...
Реална љубов..доста од тие лицемерства,лаги,дволичности,триагилници..Каде замина човештвото?/зар постојат луѓе или роботи:??
Што и да добијам, секогаш ќе сакам повеќе, ете таква сум. Ми треба здравје за моите најблиски, ми фали искрена љубов и ете, бар малку среќа.
платинеста картичка без лимит на сметката се шалам само, не сум материјалист, ама здрав шопинг фино би ми дошол во моменти на нервоза.