Љубов- вистинска (ете во моментот го немам тоа), а под вистинска љубов подразбирам бакнежи, прегратки , слатки зборови како те сакам, душо, злато-ето тоа ми треба, а го немам ilent:
Ми фалат многу работи од нематријална природа, ми фали повеќе внимание од дечкото-кое ако не го добијам ќе почнам да го барам од други! Ми фали мотив и елан за учење! Од материјални работи ми фали една скромна количка и повеќе пари за да си средам убаво дома
Ми фали да можам да избришам се од главата и да си можам да си почнам нов животот се одново со друг човек од кој ке го добијам тоа што го заслужувам,и ке можам да одам со дигната глава
Поголем брат или сестра ........ не е битно што е само да е поголем/а од мене. Имам помал брат и посакувам барем некогаш јас да не бидам таа што ќе попушта бидејќи е помал и што нема да оди по него, туку некој по мене ........ Има и други работи што би ги посакала но ова прво ми падна на памет и многупати сум се прашувала што и како би било да сум имала ......
Постар брат. Ама касно е веќе за тоа. :/ Најдобар другар, немам баш среќа да најдам некој таков. Секогаш кога ќе помислам дека сум нашла, испаѓа дека и тој го сака истото како сите претходни „другари“.
Сакам дечко,сакам вистинска искрена љубов сите други видови љубов ѓи имам,родителска,другарска сестринска...Не сакам ни материјални работи,само тоа ми фали...
Моќ за да си ги обезбедам работите што ми се потребни,а не гледам никаков начин тоа да се случи по регуларен пат.После тоа пак нека си бидам старата,обична јас which means давам чесен пионерски збор дека нема да ја злоупотребам моќта. Супермен ако го читаш ова,дај барем еден ден да си ги смениме улогите.Тебе нема да те чини многу(за нерви не гарантирам )а мене ќе ми помогне многу.За подетални информации контактирај ме по ЛП.
Сакам да имам мој ресторант, да можам да одам кога сакам да јадам и што сакам веќе ме мрзи дома секој ден да правам за јадење
Се ми е угодено од дома ништо не ми фали.. не се жалам ... Само една ми фали ... ТОЈ Се надевам дека ке ми се отвори еднаш срцето да му кажам се што имам а после што ке биде нека биде
Само едно нешто сакам од животот, да најдам љубов и да имам деца! Ако го немам тоа.....животот тогаш не би ми вредел за ништо!
Дефинитивно ми фали малку разбирање од другите Ретко кога некој сака да ме слушне, да ме сфати и разбери. Ете тоа ми фали секогаш!
Можеби звучи нескормно, но воглавном имам се што ми е потребно за да живеам среќно и спокојно! Не барам ниту очекувам многу од животот, едноставно научив да се радувам на малите нешта и да се радувам на убавите моменти! Можеби би сакала да имам уште подобар однос со мајка ми! Прерано ја ставив во категоријата на луѓе со кој јас не можам да разговарам нормално и не и давам шанса да ми се приближи! Уште тоа сакам да го имам-близок однос со мајка ми, и се би било супер!