Би сакала да имам разбирање од маж ми од неговите себицни и прости родители,, сакам барем еден ден да се разбудам расположена и да не се каам за грешките во мојот живот.. Сакам да сум на друго место, со друг човек кој ме сака и го сакам, а не со овој, ама изгледа многу сакам... Сега ми останува само да се помирам со судбината...и да продолжам да сум жртвено јагне на сите...
Јас продолжувам ама немам волја за пак да го минувам ова поле со трња... незнам до кога ке ми издржат чевлите да не се сокинат.. и Што потоа..
Ана андреа сите сме ковачи на нашата среќа или несреќа. Ако не си исполнета бегај од таму. Веќе ти кажав и за детенцето во една друга тема. Но неможеш да седиш во брак во кој си несреќна. Биди малку похрабра, излези сама со детенцето. Побарај помош од твоите,не седи со скрстени раце. Сите имаме по еден живот. Верувај во себе и тргни похрабро низ животот. Нема да си прва што ќе се бори сама со своето чедо. Или инсистирај со маж ти да се преселите, кажи му дека вака си несреќна, и дека ако не сака да се потруди да бидеш среќна сама ќе го направиш тоа. Не биди олку разочарана, ајде само храбо и смени ги нештата кои те растажуваат. Потребен е само првиот чекор, тој е најтежок потоа само по себе ќе си доаѓа. Не велам дека ќе ти биде лесно, но ти и вака си несреќна. Бори се за себе и за својата среќа, но заедно со малото. Нека таа ти биде најголемиот мотив.
Ќе се цитирам самата, за да си додадам и уште нешто . Сакам еден убав, паметен и добар дечко ..... Некако периодов ми е потребна љубов, ама љубов во вистинска смисла на зборот. Ај може Дедо Мраз ќе ми ја исполни желбата, па ќе ми донесе едно такво детенце пред Нова година
Уффффф многу нешта. Сакам да имам малку повеќе пари,да имам прекрасно среден дом,и сакам да престанам да се стискам за што и да посакам да си купам не е многу
Би сакала само здравје и слога секогаш да имаме, а другото се надевам дека само по себе ќе си дојди, ако се трудиме се разбира