Никој не е совршен, па сите имаме маани. На пр. мразам што избрзувам, си велам изброј до 10 па кажи ама денес бројам а утре веќе сум заборавила емотивна :'( горделива тоо мач, абе ќе се искарам со најдобра другарка и нема прва да почнам разговор со неа Ама и не е се толку црно имаме и добри страни
Би сакала да не сум толку страмежлива Спојлер едноставно не ме бидува прва да започнам разговор со некој И емотивна
Најпрво да кажам од физичкиот изглед. Носот обавезно (иако дечко ми е, да не речам заљубен во него ) и нозете. А од карактерност, да не сум толку срамежлива и толку мнооогу инаетчика. Цел живот може да ми се упропасти од волку големо водење инает! Свесна сум за тоа, ама БИК сум во хороскоп бе, БИККК
Да имам понизок праг на толеранција. Многу сум толерантна за некои работи..премногу Многу сум чуствителна(лигла) Избувнувам лесно.
Сакам да бидам малку повеќе флексибилна, јас сум од оние кои не знаат да прават лице. Неможам да бидам во друштво со лица кои со збор или со дело ми згрешиле нешто. Толку малку ми треба за да избришам некој кој било на кој начин ме повредил. Нели единствениот начин да ги победиш своите непријатели е да станеш нивен пријател. Јас тоа не го можам. Има луѓе од чија негативна енергија јас неможам да ги гледам во очи и да разговарам со нив. Исто така не сакам да бидам толку емотивна. Понекогаш туѓата тага ја чувствувам како своја.
да не им верувам толку на луѓето,да прекинам да се борам за луѓето,да почнам да си гледам за себе,да прекинам да им верувам на зборовите и да ги гледам делата,и да размислувам повеќе со главата отколку со срцето.
Да не се лутам на се и сешто. Еднаш да прифатам и да согледам дека јас сум крива, а не нон-стоп да ги обвинувам другите дека згрешиле. Барем да си ги согледувам грешките и да се поправам. И да не паничам за глупости.
Би сакала да станам малку поотворена и да не бидам толку многу срамежлива. Се надевам дека во скоро време ќе станам таква.
Од надворешен изглед има доста работи... Носот,ушите,тежината(мање-више)... Од внатрешни особини,да не се приврзувам толку многу кон личности,затоа што на крај јас ќе излезам повредена. Да не бидам толку мрзлива и да го искористувам повеќе мојот потенцијал за некои работи наместо со ниска самодоверба да викам дека неможам... Горделивоста и инаетот да бидат на малку пониско ниво,премногу горе отишле иии да не се нервирам за ситници,зошто за 90 посто од нив не вреди да се нервираш а мене само глава ме боли,за џабе
На надворешен излгед,би си ја сменила тежината ,а од особините,би ја променила оваа глупата срамежливост ,да не се поврзувам со луѓе,кои на крајот ќе ме повредат и да не им верувам толку!!