Од надворешен аспект, би сакала да имам барем 5-6 кила плус. А за карактерот, понекогаш ми пречи што сум многу импулсивна и чувствителна.
Да не сум толку многу чуствителна, да не ставам се на срце, да бидам повеќе одлучна и да смалам стомакот.
Би го променила карактерот. Не сакам да сум добра, наивна и да им верувам на луѓето. Сакам да можам да поставувам граници со луѓето. Да не попуштам. Не сакам да бидам емотивец и се’ да си ставам на срце. Сакам да бидам арогантна лоша злобна. Таквите се поуспешни и посреќни.
Брзото променливо расположение. За една минута можам да плачам и веќе следната се да заборавам и да сум добро расположена
-Да не бев толку наивен -Да бев безмилосно и себично копиле кое е спремно да гази се пред себе -Да не бев толку самокритичен -Да бев трпелив - Да имав поголем степен на самоконтрола -Да имав поголема самодоверба -Да имав храброст и подготвеност за нови промени.
Колку и да менувам и пак да се родам кон истата цел ќе чекорам. Можам патот кон целта да си го олеснам со тоа што цврсто ќе стојам пред себе моите дела и зборови или можам да го отежнам со постојани промени. Патот е тој, дали полесно ќе чекорам по него или потешко е мој избор.
Оф брее, да не се замарам за ништо веќе, кој како сака, што сака и каде сака да прави.. Ама ич да не ме боли патка!!!