Некогаш не е лошо да го преспијам проблемот, па со ладна глава да реагирам. Ама мојот брз јазик не мисли така....не можам да премолчам во моментот, мислам беливе дробови ќе ми експлодираат ако не се искажам и издишам длабоко после тоа.
Да ја "плескам" вистината во лице во поголема мера... Некои личности дефинитивно заслужуваат...... Значи, да не им премолчувам, од култура
Од што премногу сум добра и навистина сум наивна.Еве признавам.Мојот бивши еднаш за тоа и човеков испадна во право.Ми рече да не им верувам ќе ме направат будала-и така испадна.Ама јас сакам мир и затоа сум таква каква што сум.
Да бидам конфликтна личност. Од тоа моето "за мир у куќа" паметот си го изреметив Купишта будали без грам општа култура
Предвреме размислување што ќе биде зошто вака зошто така ,што ќе биде за недела две... Сакам да можам да оставам работите да си одат по својот тек!
Верувај дека нема ништо подобро од тоа. Јас еве сум тотално спротивен карактер од тебе. Премолчувам, кријам што ме мачи и што ми смета. Не знам збор да вратам на некој, иако кон мене како кон ѓубре се понаша. Па после солзи, па се трујам самата со секакви мисли. Е отпосле ми текнува што се сум можела да кажам, а не сум кажала, и ми е многу криво. Лажат кога велат дека молчењето е злато, напротив молчењето бавно ама сигурно те води кон сите болки и болести. И да, токму ова сакам кај мене да го променам..