Од физичкиот изглед: тежината. Никако да ја смалам и тоа ме вади од такт. А карактерно, тоа што сум срамежлива. Можеби со најдобрите другарки сум опуштена, ама кога сум со други луѓе...не знам што да зборувам.
Дефинитивно чувствителноста.Значи премногу сум емотивна и секоја ситуација ја земам на срце и тоа страшно ме нервира.И преголемата грижа за сите други околу мене.Но во иднина се трудам да се поправам,барем ова последното
инаетот,тврдоглавоста,избрзувањето,мрзеливоста,би сакала да сум попаметна,да сум поубава,да не ги нервирам со ситници моите другарки и домашните,чувствителноста,срамежливоста,би сакала да сум послободна во комуникација со луѓе кои не ми се толку блиски-делувам некако вообразено инаку,не се задружувам со луѓе коишто не ми се толку блиски....би сакала да можам да бидам подружељубива...и уште многу многу...
Принципиелноста и непокорливоста.Премногу сум тврдокорна во однос на моите ставови и одлуки.Тешко дека некој може да влијае на тоа.Моето јас е мое.Прво и пресудно.Не дека не барам совети од други,но истите не ги применувам Ако погрешам,вината да биде моја.Не сакам да се покаам поради нечие туќо мислење.Можеби не е во ред.Но,тоа е мојот карактер.
Наивноста која досега многу пати направила будала од мене, избрзувањето во некои работи,попуштањето на луѓе кои не го заслужуваат тоа, пребрзото приврзување со луѓето и чувствителноста.
Толеранцијата. Мислам дека кога Горниот ја делел 5 пати у ред сум застанала, а нема потреба од толкава толеранција.
Претераниот инает дефинитивно на прво место. Емотивноста, да не ставам се при срце. Неодлучноста. Да прекинам да се замарам што другите мислат за мене. Избувливоста на моменти. Контролата на јазикот. Толерантноста спрема моите.
избувливоста.... тоа што кога ке се напнам неможам да застанам и да се смирам туку се нервирам себе и понекогаш и некој што нетреба...
1. Сакам да сменам тоа како реагирам во одредени ситуации. Некогаш навистина нема потреба од некое такво реагирање, а некогаш кога има потреба од тоа, го нема. 2. Сакам да бидам малку повеќе трпелива. Да не реагирам толку бурно при некои ситуации. 3.Сакам да се променам и физички, донекаде. Пример сакам да качам некое кило.
Претераната добродушност и желбата да помогнам на секој наместо прво да си помогнам себе. Секогаш гледам на другите да му угодам а за мене што биде ќе биде.. Тоа е најфголемата моја маана, би се рекла маана пред се затоа што денес луѓето не заслужуваат такво големо угодување.. и сите на некој начин гледаат да извлечат корист кога имаш таква кревка душа и големо срце. Се обидувам да не бидам толку попустлива и да не му бидам спасувачки чамец на сите и пред се да си гледам за себе затоа што денес единствено така се успева, ама не ми иде баш. Дефинитивно кога би можела да го сменам тоа прво би го сменала, не сакам да бидам наивна добродушна будала која му помога на сите, подобро би била злобна ку*чка..