Да кажам што мислам без да се замарам што ќе помислат другите или каква ќе им биде реакцијата. т.е. да не се замарам толку со туѓото мислење.
Тоа што им попуштам на сите за што и да било Да бидам поголем инат од ова што сум..Да не простувам толку лесно..Да можам да кажам тоа што го мислам а не да го премолчувам И буквално целиот мој карактер
тоа што цело време мислам дека не сум добра со здравјето и мислам дека цело време нешто ке ми се случи, а ништо не ми е -.- , сакам да бидам оптимисссст!
дел од моите лавовски особини - да имам малку повеќе трпение кон оние што не делат исто мислење со мене и да не избувнувам на секоја една критика и негативен коментар упатени кон мене...
да бидам помалце инает , да попуштам некогаш прва..да не се карам толку мн. , да не се лутам без причина..
Па многу нешта би ссакала да сменам кај себе ама ке набројам само неколку : - Тврдоглавоста ( но јарец сум во хороскоп ) - Нетрперливоста - Мрзата - Избувливоста за не толку значајни работи - Чувствителноста
Јас си имам проблем со егото, толку ми е големо што понекогаш и најнебитни работи успеваат да ме вознемират до степен на лудило. Мора се да биде по мое за моето его да биде задоволено. Знам дека тоа ми е многу голема мана и се трудам да ја сменам со години, амааа некако тешкичко ми оди