Би сакала да не бидам толку многу срамежлива и да бидам поопуштена. Се трудам така да биде, но сепак уште ми се зацрвенуваат обравчињата при секој збор.
сакам да си створам навика да почнам да вежбам или да трчам. Задоволна си сум од изгледо на телото, само сакам да се зацврсатам малце, посебно мускулите на нозете
Пудрата. Пола месец веќе( само за да ја дотрошам) шетам со лицето ко сончана во солариум и тоа само до вратот. Надолу сум бела ко снег .
Срамежливоста, тврдоглавоста инаетот и да си створам навика за вежбање трчање било сто за летово форма малку..
Женски јас сум многу бела, кожата ужасно ми гори на секој одмор, никако да поцрнам . Лани на одморот до седмиот ден имав изгореници и поркај тоа сто се заштитував со фактор 50, последните 3 дена добив минимална боичка (на која премногу и се израдував). Сакам да ве прашам дали некоја друга го има мојов проблем и дали пробала со солариум? Сакам да пробам со солариум иако мислам дека ќе биде само бескорисно трошење време и пари
Она што најмногу не го сакам кај себе и што би сакала да го сменам...мојата особина (пре)многу да фантазирам,мислам убав е делот за фантазирањето но дознавање на фактот дека тоа е само илузија и дека најверојатно никогаш нема да се случи во реалноста а има толку работи за кои фантазирам а би сакале да се остварат...Значи би сакала помалку да фантазирам.. А,и уште кај себе би ја сменила тврдоглавоста и инаетот,не ми е на добро ни толку од овие две..
Da ne sum tolku sramezliva, da ne izbuvnuvam za sitnica pa da se kaam, gordeliva da ne bidam kolku so sum , ehee...
-Да не сум толку чувствителна. Ме убива... -Да не сум избувлива -Да не сум крајно обѕирна кон другите. Скапо чини.
Хахах сосема спротивно од мене Јас целиот свој живот сакав да се сменам, да бидам силна, но со не толку силни чувства, да ме води умот, не емоциите... Но, на крајот кога стварно се сменив, посакувам пак да можам да бидам истата, вака ништо не е забавно, нема уживање, сонови, мечти... Сеа сфаќам зошто се вели дека најголемата сила е всушност ранливоста, зашто тоа што си се уште емотивна и ранлива значи дека не си подлегнала на туѓите влијанија и сепак успеваш да бидеш ТИ! ...Посакувам пак да бидам старата луда надежна јас
Ништо, не сум совршена но сите несовршености кои ги имам лично на мене не ми пречат. Би ги ублажила некој од моите карактерни особини доколку на одредена личност му пречат премногу, но не би ги искоренила целосно. Единствено би сакала да сум малку похрабра, без многу да размислувам за причинско-последични работи.
Па изгледа многу работи сакам да сменам...несакам да сум толку ладна,несакам да избрзувам ,несакам да сум љубоморна,сакам да сум посмела,многу сум мрзелива,несакам толку многу да спијам и сакам да сум пооптимиста