Што би си кажале самите на себе во моментов. Дали би се пофалиле за нешто,честитале, искарале,засрамиле за денешниов ден или пак општо за животот. Јас би си честитала што после се останав силна и храбра. Би си честитала за тоа што сеуште на непријателите се трудам да им кажам што значи да си човек. А вие? ако темичата е глупичка слободно префрлете ја во корпичка
Би си честитала што ја искоренив избувливоста, што останав силна и после се што поминав. Би си честитала што сум храбра личност и секогаш одам на ризик па што биде биде. Би си честитала затоа што никогаш ништо не оставам недовршено, се борам до крај, давам се од себе и никогаш не се откажувам. Би си честитала и што знам да прифатам пораз.
Охрабри се и себе онака како што ги охрабруваш другите. Оддели парче од љубовта и за себе. Остави ги стравовите и двоумењата настрана, живеј денеска, тука и сега, ослободи се од ригидноста што те гуши. Прегрни ја среќата што ти следува, без прашања, без сомневање. Запомни, вредна си за тоа.
Те чекаат многу поголеми работи во животот, само продолжи да работиш на себе! Сето оваа шо мислиш дека моментално е битно, лошо, страшно, во иднина нема да ти значи толку многу. Само следи ја итуицијата, таа секогаш ќе те однесе на правиот пат!
Само продолжи како што си тргнала и ќе успееш во тоа што го сакаш, бидејќи ги имаш сите предиспозиции за тоа. Ете и после толку време не си сама, имаш некој кој ќе ти биде поддршка и ќе ти помогне секогаш кога ќе ти треба и ќе биде до тебе. Едноставно продолжи како што си тргнала и ќе си дојде се на свое еден ден многу набрзо.
Зошто си (сум) старномодна у тој поглед? Земи уживај и моментот... Па што биде нека биде, барем ќе го пробаш
Не му ја мисли што ќе каже народот. Тие никогаш не се биле со тебе за сега да те подржуваат, ниту ќе се стават на твое место.
Издржлива сум, силна, ладна и јака. Знам дека не можат лесно да ме соборат, ама имај си го тоа на ум...