Не ги обмислувај нештата до степен на исцрпување! Ништо нема да се случи во несозреани услови. Најди инспирација во времето.
Убаво ти е сега ама не летај многу во облаци, да не треснеш ненадејно на земја. Не ти остана здраво место за уште една рана на срцето.
Еден ден ќе има кому да раскажеш колку си била силна, па речиси цел живот. И тој некој ќе сака да те ислуша и тој некој ќе почувствува и ќе превземе дел од твојот товар. Биди силна, уште овој пат, знам дека е ужасно тешко ама мора да се надеваш дека еден ден повеќе нема да има потреба да си ладнокрвна и вештачки позитивна и насмеана. Еден ден мора да се склопат коцките. Знам дека си на работ, преку глава ти е од предизвици и порази и сакаш само мир. Ќе го најдеш, малку подоцна од што мислеше, ама мора да дојде. Нели? Замисли колку 16годишната ти би била воодушевена од тоа што се си преживеала сама и каде си стигнала. Колку соништа си остварила. Издржи, уште малку. Мора да има некаде silver lining за твојата приказна. И онака немаш што да изгубиш веќе, останува само патот нагоре.
Уживај во моментот! Прекини да размислуваш што поминало, и што ако.... Минатото поминало, иднината не ја знаеме, ама убавиот момент се користи и ужива во него!
Не секогаш е најдобро да бидеш целосно искрена. Не смееш да дозволиш да забележи дека ти ги измеша мислите и чувствата. Остави го нека мисли дека ништо не значи и дека ти е сеедно. Колку и да тежи, премолчи.
Сwийти, времето те газии, а ти стоиш од страна и само гледаш, како загlaвена во снимка. Ако така продолжиш, да, ќе бачкаш цел живот- за ништо. Ехооо, wake the hell up.
Ќе помине и вторник ... ќе бидат цели 3години ...и на нив ќе додаваш ден по ден ... а од друга страна пак ќе си одземаш самата на себе ден по ден ... и ќе трае тоа ,додека траеш и самата ... ама ќе издржиш јер мора така да биде ...ајде, стисни заби и насмеј се...поради нив
Неодлучна си, како и секогаш. Дури и да направиш ,,погрешен'' избор, ќе преживееш, ништо страшно. Само опуштено, огледај се на сите други што мува не ги лази.
И оваа бура ќе помине. Брановите ќе го расчистат хаосот. Нешто ќе изгубиш, но гледај тоа што ќе остане да те прави среќна. Нема добивка без жртвување.