И на тебе ти дојде преку глава од клише изговори и висење на закачалка, а? well good. Очигледно ти дојде памет. Ај сеа продолжи напред.
Сама си крива. Премногу им допушташе на сите цел живот, дозволуваше други да го водат твојот живот и дури сега ти текна да се освестиш дека те боли и дека твојот живот е уништен поради туѓи желби и амбиции? Касно палиш.
Зошто за све ти текнува прекасно? Секогаш носиш товар во себе,еден ден можеби ќе полудиш од тага и од болка. Никогаш немаше храброст да го живееш животот кој што го сакаше,знам дека си многу уморна но продолжи да одиш немој да застануваш...
Мора да се смириш духовно, да не дозволуваш повеќе минатото да биде дел од сегашноста и да продолжиш да гледаш само напред.
Биди поодлучна. Построга. Тргни се од сè што не ти помага да зачекориш побрзо напред, и тргни ги границите во твојата глава - НЕ постојат!
Приметуваш дека пробуваш со глава низ ѕид? Не бива, нели... Плус, го памтиш муабртот на ч.... ? Дека, кога ќе дојдат нови деца на наше место (како што ние некогаш сме дошле на нечиво место) треба да сме доволно паметни и сами да се повлечеме... или да ја смениме лигата.... тоа е природен процес и потврда дека ништо не е вечно... Затоа, батко Нинџа, удри еден ресет...си ги знаеш и мааните и квалитетите... па почни веќе еднаш да играш така... И, остави ги назад тие што им е таму местото и погледни напред, према тие што заслужуваат да бидат пред тебе... Како беше она... повремено паѓаме,за да можеме малку да земеме душа и да продолжиме посилно напред... Епа можеш да тргнеш..