Продолжи да учиш, тоа е една од најпозитивните работи кои ги правиш за себе, и од аспект на исполнетост и од аспект на самодоверба, сигурност, решителност. Моќта во тебе извира од знаењето кое го поседуваш, а позитивноста, возбуденоста од потенцијалот на идно знаење кое би го стекнала со посветеност и самодисциплина. На добар пат си, не престанувај. Ќе се врати тој жар, таа енергија и смисла во тебе што ја изгуби некаде низ годините.
Еххх ти смотана една. Зар не гледаш дека се исто ти се дешава се ти си таа повредена изиграна кога ќе промениш нешто?
Не очекував дека ваква жена и мајка ќе бидеш и дека ќе можеш да издржиш се и покрај тоа што си многу нервозна и темпераментна. Се гордеам што имаш трпение во одредени ситуации. Браво
Се надевам ќе ти дојде паметот и нема веќе да дозволуваш вака да се чувствуваш.. некогаш.. а тоа знам дека не е за брзо време.
Разочаран сум во себе не ми помага повеќе тешењето како не сум единствен или виновен. Ова не е жалење за себе туку лутина од која се плашам. До кога вака