Понекогаш настаните течат сами по себе, дислоцирани од времето. Не се судираш првпат со обратен редослед, но за првпат си во безредие.
Сврти се назад и види колку работи поминаа, каде беше порано а каде си сега.. Нема корист од страв и трема. Се' ќе постигниш!
Малечка. Чоек, дете, жено, брате, пријателе.. Те сакам. Ти простувам. Му простувам на она дете во тебе што носеше розеви наочари. Што не знаеше да препознае. И простувам на онаа "заљубена" тинејџерка. Ти простувам сѐ. Вистинскиот пат е оној пат кога ти ќе бидеш спремна, а не некој си закон таму. Дај опрај се. Не се договоривме вака. Немој да си пуштила солза! Те сакам!
Глупа си тоа е, сакаш да угодиш на сите на крајот те репнуваат од земја. Али не се предавај може еден ден ќе дојдат и твоите 5 минути. Отклучи го копчето на сеедно.
Браво браво и браво , докажа колку си храбра само ти ја имаш моќта да ги спасиш саканите го направи вистинскиот чекор . Запомни низ што помина и што се случи , ти си толку јака и не дозволувај никој да ти наштети на тебе и на саканите . Кога го направи најтешкиот чекор сега моќта е во твоите раце .
Издржи, не потклекнувај. Можеш ти сама. Ќе биде многу подобро, ќе видиш. *да можев и ќе си се гушнев.