Си заборавила како е некој да те чести пијачка. Убаво чувство нели. Баш е убаво да се биде во твоја кожа денес. Сакај се и утре не само денес,аман!
Не сфаќаш колку само се повредуваш од тоа што сакаш другите да ги задоволиш и да ги направиш среќни. Постави граници, крени стандарди, покажи заби, па нека се налутат, сречан им пут. Има луѓе кои, ако си добар со нив, ќе ти бидат благодарни и ќе возвратат со иста мера, ама има и такви што тоа ќе го искористат против тебе и уште ќе се гордеат што успеале да те изманипулираат. Пази еден таков да не е блиску до тебе.