Глупа си! Виде завчера како помина, сега пак зборуваш.. затни ја таа уста веќе кога нема напред, само проблеми правиш. Замолчи си и трпи си, друго решение немаш.
Им покажа и докажа на сите дека можеш,дека знаеш и дека си способна товарот сама да го носиш ... Сега,накриви капа и свиркај си ... остај ги нека блејат ко овчички на росна ливада ...
Тука си каде што треба да бидеш. Прифати ја ситуацијава ваква каква што е. Не се бунтувај, знаеш дека ке дојде тоа што треба да ти дојде. You can do it!
Ако денеска ти се случува нешто убаво, прегрни ја радоста, уживај во денот, зграпчи ги тие божествени чувства. Барем еднаш немој да мислиш за утре! Се' ќе биде добро.