Издржи жено. Не потпаѓај под влијание на неговите солзи. Додека ти плачеше тој си уживаше. Запамти го тоа.
Ете, гледаш дека џабе си правеше лоши филмови во глава. Опушти се малку и уживај во убавите нешта. Ги заслужуваш
Немој да дозволиш пак да паднеш, можеби полека ама пак има напредок. Кога тогаш се ќе си дојде на место.
Се ќе биде добро, знаеш дека се ќе се среди. Биди храбра, ќе издржиш како и секогаш. А сега земи расчисти се по дома и тоа што не е за чистење, олесни се, пак ќе бидеш како нова И запамти, се ќе се среди! Знаеш нели! Да не беше толку истрајна и упорна многу од работите немаше да бидат вакви како што се! Се ќе биде добро
Секојдневно си кажувам се што би си кажала, но би напишала за тоа што би и кажала на помладата јас... Нишани високо. Искористи ја приликата додека не е предоцна. Не се задоволувај со помалку од она што заслужуваш. Инвестирај во себе. Не молчи пред никого и не толерирај непочит. Стави се себе и своите замисли на прво место. Бирај ги луѓето околу себе внимателно. Не споделувај секакви детали за себе со секого, другите не се ти. Ако инстинктот ти кажува, верувај, точно е. Да се биде поинаков е дарба, нека не те разбираат тие што не умеат.
Алал да ти е како се справуваш со сите пиздарии мајсторе! Кретену еден глупав, еднаш гледај си за свој гз, а не за други.. Ако еднаш се скршило, бегај ко ѓавол од крст, не вреди да се дава втора шанса.
Заслужуваш најдобро. После се што помина заслужуваш да бидеш среќна секој ден од остатокот од твојот живот.