Ми иде да те истепам за 2019-20та, ама ај доста те тепа животот немора и јас. Легнувај да спиеш и не туку плачи за глупости.
Горда сум на тебе, што покрај сите сопки успеваш да станеш на нозе и да го завршиш тоа што си го започнала. Немаш време за жалење. Едноставно ѕверка си само продолжи така.
Мора да имаш самодоверба, направи промена остави го телефонот и земи да учиш, знам дека тие тешко ама сега е последниот воз, ако не се качиш толку е. И помалку да им веруваш на другите.
Биди горда на себе. Биди самоуверена. Немој пак да правиш сцени во глава кои што не постојат и немој претерано да размислуваш. Ти направи што требаше.
Запамти си го денешното чувство. Денес застанав зад себе, конечно, после долго време. И тоа онака како што јас би застанала да бранам некој друг кој трпи с*ање од некого неправедно. Редно беше тоа да го направам за себе, за промена. Извадив се' од систем, се' што ми стоеше долго време премолчано, а што имав потреба да биде јасно и гласно кажано. Вистината ја извадив на светлината и ја соочив со лагите. Незнам во реалност дали нешто ќе смени ама не ми е ни важно, го направив тоа за себе. Се исцрпив емотивно после тоа, иако немав намера да се трошам, ама вредеше, сега некако се чуствувам горда на себе.
Плачеш за ќотек! Ќе ти го фрлам тој телефон преку прозор, мрзо една! Оставиго тој телефон веќе! Седни да учиш оти ќе го бараш ова време додека си имала шанси да учиш и ќе се каеш.
Престани да даваш премногу за луѓе кои можат да поминат долги периоди без да те побараат воопшто и на кои не си им во листата на приоритети.... Знам дека тешко е да се верува но заслужуваш многу подобар третман, бидејќи секогаш си била со отворено срце кон нив, а тие не возвраќаат ни пола од тоа што го даваш... Најтешко е кога на тоа место застанува личност што многу ти значи и сте дале до знаење некогаш колку се цените и си значите меѓусебно. Колку брзо луѓето знаат да се променат....