Се сум си кажала сама на себе, но толку непослушно створење немам видено Јас зборам или канта тропа. Од сега се наопачки ке си велам: Нервирај се, пукни, плачи(ај можеби вака ќе има ефект)
Добро утро Лили. Како е да се разбудиш и прва мисла да ти е дека некој сакал да те задави? Лошо? Епа повлечи се. Се виде и се кажа буквално се.
Само свиркај си и смешкај се, нема потреба да паѓаш на ефтини муабети Многу добро научи кој колку вреди Затоа, остави секој нека си се дави во својата безнадежност. А Ти...Ти знаеш многу подобро од тоа
Една работа да запамтиш. Не е прв пат животот да те турне на коленици. Ќе успееш да се дигнеш пак на нозе. Ама добро да запамтиш тогаш кој стоел покрај тебе и ти бил поддршка дури си претала на дното како во жив кал, а кој те отпишал од живите и не те прашал ни како си. И да, секогаш слушај си го инстинктот. Никогаш не те изневерил.
Сите се здрави и живи, доста мислиш на смрт, доста сметаш дека секое утро ќе се разбудиш со најлошата вест, доста живееш во стрес, доста мисли дека тој ќе умре. Не знаеш што ќе биде утре, може да ти е најлошиот, може најубавиот ден во животот, ама што и да правиш, не можеш да влијаеш на тоа. Тука е, здрав и жив и до тебе е. Живеј за она што го имаш сега, живеј за она што сакаш да го имаш во иднина, останатото не е во твоја контрола. Само смири се, насмевни се и помисли што имаш сега и за што вреди да размислуваш. Ајде, можеш
Почни со јога пак, нека не те мрзи. Знаеш дека добро ти делува. Не мора па ти секој ден... еднаш неделно е океј.