Нека не те фаќа депресија од минатото, болеше, помина, можиш да ги контролираш емоциите и меморијата....
Ајде, живот е тоа, што ли не се ќе поминеш, еден пат добиваш, а нареден губиш... Само здравје и сите на број...
Зошто го сакаш, кога знаеш дека никогаш нема да биде твој? Зошто ги одбиваш останатите, и се надеваш дека еден ден ќе те засака? Продолжи со животот, не чекај некој, што никогаш нема да го имаш.
За кого се трудиш бе? За неблагодарни луѓе ли? За некој кој со прст не би мрднал за тебе? Ти ќе препливуваш цели океани, а некој нема ни вирче вода да помине?! Уф бе!!!
Посилен сум од што сум порано мислел. Некогаш е добро да се изгубиш себеси за да се најдеш себеси. Продолжи така
Ќе се разведат. И еден ден ќе прекине да те боли. И еден ден ќе прекинеш да пиеш апчиња за смирување секоја вечер за да заспиеш. И тој ден ДОБРО отвори очи кој ти бил поддршка во најтешкиот период од животот, а кој те забораил дека постоиш. Инстинктот твој никогаш не те лаже да знаеш. Кој не те сака кога си на дно, нема да те сака ни кога си на врв.