Имаш практика да се гориш повеќепати од истиот оган. Толку ли не се научи? Дали болката не ти значи ништо? Рацете настрана, на пат си пак да изгориш!
Можеби ти е тешко, ама знаеш дека не правиш ништо погрешно. Дигни се. Мајка ти има право (башка хумористична е, ало здраво, залучените пиперки да си ги земеш и ти се јавив само да то кажам ова што со потиштена и имаш монолог од 10 минути со јаки поенти и на крај ај те љубам, чао). Татко ти ти дува во грб не ко ветре, ами ко орканско ветриште, тој навива за тебе ко Барселона кога победува у 90та. Доволно е....толку е... Остани надвор од филмот. Биди своја. Најди ја мотивацијата и силата. Пробиваш снегови... нормално е да се измориш и премрзнеш. Луѓето се такви... тажни и несреќни, неспособни да препознаат добри намери и искреност, па затоа скапо нуди ја.
Глеј само да си го направиш животот убав, онака по твоја мерка. Се е минливо... Стварно, биди среќна сега. За се остало ама ич да не ти чуе. И слави си ги победите, посебно па малите, макар сама... Бар знаеш е искрено. Ќе бидеш океј.
Со себе треба само ко со забаваче. Прво пошто не разбираш поинаку. Второ пошто МОРАШ да си нежна со себе и да се чуваш како што би чувала дете. Немаш друга кожа. Мора да се избориш да се чувствуваш здраво и среќно во оваа.
Како и секогаш, и овпј пат стратегијата е да се поштедиш себеси. Повторно ти си пред сите и пред се. Искуството е научена лекција што те држи во колосек.
Стеки,штом ќе ти подклекне газот-бегај у старечки дом ... немој да си ги малтретираш децата со измислици само за да им скренеш внимание
Мори дај нека ти лупне некој еден асален шамар да се освестиш. Иначе многу, многу можеш да напраиш, знам. Само ако сакаш.
Ова не си ти! Одложуваш ситуација што прави бура во тебе. Кажи гласно и ладнокрвно. Победи мудро и остави друг без здив. Улогите треба да се променат.