Аман тргни се од луѓето кои што не те ценат и понижуваат,тргни се од токсичноста средина.Научи од грешките и освести се колку многу вредиш во овој свет каде што добрите луѓе се реткост.
Десет дена се тресеш од денов... Ете... помина се како подмачкано, може да се олабавиш. Всушност, може да се олабавиш до даска, да се одлепиш, да се изгубиш, да надополниш за се изгубено во меѓувреме
Слободно плесни му во лице, што толку се устручаваш да не го навредиш. Да имал тој нешто во глава, ќе сфатеше кои му се граници и да не ги преминува, доста е од негово манијачење. Отерај го кај што му е место.
Shto si se zapnala da se zanimavas so nekoi osobi t.e so edna osoba, ko pijan za plot si se fatila aj batali go ednash zasekogas, please!
Само повлечи се и не се замарај со небитни ликови кои те манипулираат и демнеат дури и тука. Чувај си го мирот и спокојот тие се непроценети.
Убаво е кога покрај тебе имаш личност која те сака Уште е поубаво кога таа личност те цени и те почитува таков како што си Ако навистина имаш таква личност доближи ја загрли ја и не ја давај на друг
Писмо од големата до малата MG3 Драга моја, Знам дека не ти е лесно. Знам дека многу работи не ти се јасни. Едно слатко мало девојченце како тебе не смее да верува дека љубовта мора да се заслужи. Ти одсекогаш заслужуваше да бидеш сакана. Одсекогаш! Посакувам да можев да ти кажам дека си совршена баш таква каква што си. Дека си доволна. Повеќе од доволна. Дека ниедна Пет минус добиена на тест, ниедни 98 поени на тест не те прават помалку вредна. Знам дека ти е тешко. Знам дека се прашуваш што не е во ред со тебе и зошто што и да направиш никогаш не е доволно добро. Знам дека со сите сили пробуваш да ги оствариш сите нејзини каприци. Жал ми е што мораш да си на сите страни. Жал ми е што мора и да свириш на клавир, и да идеш на солфеж, и на одбојка, и на скијање, и по фестивали, и по јазици, и на балет и по 300 други курсеви истовремено. Знам дека си уморна. Посакувам да можев да ти кажам дека не си должна да правиш ништо што не сакаш. Жал ми е што мораше порано да пораснеш и што никогаш не беше дете во вистинска смисла на зборот. Сакам да знаеш дека проблемот никогаш не беше во тебе. Ти не си виновна! Не си виновна што пробуваше да го живее својот живот преку тебе. Ти не си должна да живееш ничив живот освен својот! Не си должна да го посветиш целиот свој живот на нејзините каприци само затоа што те родила. Не си виновна што тато никогаш не застана пред тебе за да те заштити туку молчеше и молчеше и молчеше кога требаше да вика на цел глас. Сега мислиш дека само мама е виновна, ама наскоро ќе сфатиш дека исто толку е крив и тато. Ќе сфатиш се. Ќе сфатиш дека не можеш никако да ја задоволиш и дека што и да направиш, ништо нема да биде доволно добро за неа. Тогаш ќе помислиш дека животот не е фер. Тешко ќе ти биде да ги прифатиш нештата такви какви што се. А поготово ќе ти биде тешко кога ќе сфатиш дека ништо од тоа не било нормално, и кога ќе видиш како другите деца околу тебе биле безгранично сакани. ЗНАМ ДЕКА НЕ Е ФЕР и не сакам да те лажам. Нема да биде лесно уште долго време. АМААААА еден ден ќе си замислиш една желба што нема да ја споделиш со никој. Ќе побараш од Универзумот да ти ја исполни со целото свое срце. Таа желба ќе биде кога ќе бидеш доволно голема да имаш свое бебенце. Тогаш ќе си ветиш нешто што никогаш нема да го прекршиш. Ќе си ветиш дека твоето дете ќе биде безгранично сакано. Дека ќе биде чувано, мазено, пазено и безгранично љубено. Дека ниедна негова “грешка” нема да те спречи да го сакаш. Дека ќе ја има целата слобода на светот да биде тоа што е, а ти ќе бидеш неговото сигурно место. Ќе бидеш тука кога светот ќе се обидува да го скрши, наместо да бидеш таа која од старт ќе го уништи. Еден ден ќе си ветиш дека за своето дете ќе се бориш безгранично. Дека таа љубов нема да има граници. Знам дека се прашуваш дали оваа желба веќе ни се остварила (сеуште не) но знам дека ќе се случи во правиот момент и со вистинската личност. Токму оваа желба и ветување кон себе ќе ти помогне да издржиш многу тешки работи што за тебе допрва доаѓаат, а за мене веќе се случија. За жал наскоро ќе бидеш убедена дека љубовта е условна и дека мораш да работиш напорно за да ја заслужиш. Ќе продолжиш да бидеш на сите страни и ќе станеш невидено амбициозна. Сепак, на крајот ќе сфатиш дека тие 100 бода секогаш ќе бидат еден чекор подалеку. Секогаш ќе има нешто подобро за бркање, друга дилпома, друга работа, друг следен успех во низата. Ќе разбереш дека и сите успеси на светот нема да ти донесат мир. И тогаш, ќе се ослободиш. Ќе се ослободиш од нагонот да бидеш совршена и успешна во се! За жал ќе имаш и погрешни избори. Несвесно ќе бараш партнери што те враќаат на она исто место од детството. На она исто чувство што те тишти. Морам да ти признаам дека уште се борам со ова, но сигурна сум деќа еден ден ќе бидеме ослободени и од тоа. Сакам да знаеш дека си И ПОВЕЌЕ од доволна. Секогаш се трудеше да ги усреќиш сите и носеше преголем товар. Сакам да ти кажам да не се грижиш за мене. Јас ќе бидам добро. Сеуште ги правам работите во кои ти наоѓаше мир. Сеуште ја гледам нашата серија од време на време. Сеуште пишувам. Сеуште редам слагалици. Сеуште бојам. Сеуште сум тука со тебе и не те напуштам. Ти секогаш ќе бидеш дел од мене и јас те чувам некаде длабоко во себе. Ја чувствувам твојата болка, твоите солзи и твојата желба за безгранична љубов. Сакам да знаеш дека ми е жал што мораше да поминуваш низ сето тоа толку многу години. Жал ми е што те “изгубив” некаде по патот и што дозволив да се посомневам во нас. Не можеш ни да си замислиш колку си силна. Не сакам да мислиш дека тоа што си емотивна е слабост. Тоа е твојата сила. Фала ти за се! Фала ти за се што мораше да поминеш за јас денес да бидам жива и да го пишувам ова. Сакам да ти ветам дека ќе се борам за тебе, ќе се борам за нас двете, зошто ние заслужуваме да сме среќни. Заслужуваме мир!!! Со мене секогаш си безбедна. Те сакам и те ослободувам Засекогаш твоја, MG3