Сонцето изгрева без разлика на што ти се случува или ќе ти се случи. Како и ѕвездичките светкави, мали . Се е минливо и менливо, чувај се аман на крајот само себе си се имаш..
Незнам зошто толку те плаши тоа дека премногу студенти ги имаат презапишано повеќето предмети од семестарот, многу потежок е материјалот од претходниот семестар, ама нема потреба да бидеш анксиозна и разочарана, со труд ќе успееш, ќе издржиш.
Конечно кажи си .....не си јака како некогаш,не си силна сега после ова,признај,ти треба да се исплачиш,да му кажиш на некој,немора да те разбери,само да ти кажи дека и ова ке помини,......мислам дека ако можеше да се експлодира веќе ќе бев расфрлена некаде на парченца,душата веке ми гори,,,доста ми е....пак треба утре да се разбудиш и пак исто...
Не вреди... Знаеш дека не вреди да се залажуваш... Знаеш дека не може ништо од тоа да излезе на арно... Некој може само да сонува да е на твоето место... а ти си подигруваш со моментот. Биди паметен и доврши го тоа што си почнал и уживај во стекнатото.
Барем еднаш, факинг еднаш биди доследна на замислите за подобра верзија од себеси Ќе се опаметиш ли некогаш? И зошто не?