Значи, мора да останеш присебен сега. Прво, не смее да те исфрлаат од колосек луѓе кои не ти значат ништо. Второ, мора да имаш разбирање за тој што се труди да биде ок со тебе, да разбереш дека има проблеми и дека се ќе се среди. И аман веќе, смени го веќе еднаш тој твој карактер.
Ако се осеќаш маничен или уморен, просто не давај мислење дај си време. Господе боже да научиш нешто ново да смениш мислењето според тоа.
Не се стресирај уште од сега жити све… 3 месеци има до тогаш. Ако почнеш уште од сега со твоето кај ќе ни е крајот… 1 мочан ден за кој почнуваш да се нервираш 3 месеци унапред.. Немаш потреба. Опушти се, толку многу убави работи може да се десат до тогаш. Сконцентрирај се на себе, на твојот план, твоето исцелување и возбудливите работи што те чекаат. Има доста работи на кои можеш да им се радуваш. Гледај го и позитивното малце наместо да си правиш паника и анксиозност. Те молам. Се ќе биде добро.
Стави се на диета, посвети си повеќе вниманое на себе, спиј повеќе , излегувај почесто, помалку се нервирај
Постигна многу повеќе од што мислеше дека е можно да постигнеш. Одамна ја надмина просечноста, ептен се доближи до врвот и иако не се натпреваруваше, оствари резултати за кои некој може само да сонува. Имаш право да олабавиш, немаш потреба повеќе од докажување, уживај во плодовите на сработеното... зошто се што е претерано, може да има спротивен ефект. Сериозно... олабави малку, стани вистински хедонист... го можеш тоа, заслужи..
Престани да се саботираш. Луѓето и кога грешат зборуваат за себе само најдобро, а ти секогаш наоѓаш нешто да искритикуваш на себе. Многу лоша маана, токсична! Да се погледнеш со туѓи очи сигурно ќе се цениш повеќе.
Извини… што не сум доволно силна за она што треба да ни биде на прво место без компромис. Жал ми е што имам сила за се освен за тоа. Жал ми е што го гурам под тепих и го ставам на последно место. Жал ми е што се е борба. Наместо за се друго, посакувам да имав сила да се борам за најважното. Се друго е смешно во споредба со тоа. Зошто ми е толку тешко?? Што ме кочи? Пробувам да ги најдам одговорите… Ќе се потрудам да ги добиеме, ти ветувам.
Конечно со високо крената глава можам да кажам горда сум на себе. Низ сите овие години се бореше и вложуваше во себе, работа работа и само работа. Дојде денот кога твојот труд и работа вистински се вреднати и сама ти се избори за тоа . Кип гоинг
Не покажувај на никој емоции, никој нека не знае како се чувствуваш и така на никој не му е гајле за тебе, дури ни најблиските „ не можат да го слушнат крикот за помош“ Ти си една безвредна личност која и кога ќе умри на никого нема да му биди жал
Se vo svoe vreme kje bide. Ne e trka zhivotot, tvojata pateka e samo tvoja. Ne gi slushaj drugite shto ti zborat shto postignale tvoi vrsnici, a ti ne si postignala nishto. Digni glava gore, od ovoj period se vide koi se vistinski lugje, a koi ne se, nema zoshto da se chustvuvash ti losho. Kje bidesh dobro. Sekoj tezhok period nekogash kje pomine i kje dojde i dobroto. Mlada si, nishto ne si propushtila, kje bide se ok.. Toksichni se tie okolu tebe, ignoriraj gi.