Доста им беше родител на твоите родители. Не можеш да им помогнеш на сите… Фокусирај се сега на новата фамилија што ја градиш…
Ова ти се случува со причина. Мораш да излезеш посилна и помудра. ТИ си главниот лик во твојата приказна, и што и да се случи ќе биде во твоја корист. Луѓето на патот се минливо нешто, важно е ти каква ќе бидеш утре. Да се изгубиш себе си да не ти паднало на памет!
Браво драга. Посилна си од тоа шо мислат другите, дури посилна си и од тоа што ти мислиш дека си! Минаа многу бури, ама се стишија... Издржи уште малку па доаѓа релакс, ќе имаме можност да се опуштиме и релаксираме, да ги наполниме батериите... За новиот почеток. Да! Доаѓа нов почеток, наскоро
Посреќна во животов не си била. Каде беше, а сега каде си. Како да го освои Монт Еверст, како да отиде на месечината, како да откри нови светови, планети, галаксии. На крајот вредеше, се вредеше, целата жртва вредеше, целиот труд вредеше, од душава сега извира чиста среќа. Сега уживај, одмори, се додека душата не посака да освојува нови височини, врвови.
Фокусирај се на себе, биди си приоритет сама на себе, вложувај, труди се за подобро утре, надоградувај се и немој никогаш да се откажуваш, зашто ако изгубиш еднаш не значи дека ќе изгубиш и вториот пат. Размислувај каде ќе бидеш за 3 години од сега и немој да очекуваш некој да ја промени твојата реалност, немој да се потпираш на некој отстрана, нека се разбуди девојката во тебе.
Немој да дозволиш некои случки од животот да те променат на полошо.Залагај се и бори се секогаш за подобра верзија од себе. Има луѓе кои не те сакаат но,има и луѓе кои многу те сакаат.Не го заборавај ова драга.
За дрвото сепак има надеж, дека тоа, макар и да биде пресечено, пак ќе оживее, фиданки од него непрестајно избиваат.
Сети се мила на животот на денешен ден пред 2-3 години и спореди го со сега. Вредеше сѐ што претрпе. Колку беше силна, не изгуби надеж и гледај колку си среќна сега.