Види, еден убав почеток. Годинава ти беше тешка, глава не крена од болници. Ама сега почна да чекориш по тој пат за кој сонуваше. Ајде, среќно и само напред.
Тоа што го сакаше го постигна ,зошто сега се сомневаш во себеси....Тешка година беше те чекаат уште потешки работи.Наместо да цмиздриш ,фокусирај се кон целта и биди тоа што сакаше да бидеш...Коцките потоа сами ќе се наредат...Head up....
Добра си…. Далеку подобра од она што го имаше замислено пред години. Горда сум, продолжи со исто темпо на уште подобро. Родена си за големи работи
Ќе дојде вистинскиот госпожа, не се траскај од земја. Не троши енергија и време на пролазни фраери на батетии.
Требаше да уживаш повеќе во вечерите кога сама, со печена пченка и Швепсот, си се возеше по Скопје, секој пат по истиот пат до првиот паркинг на Водно, и си дремеше во кола со саати и го гледаше Скопје, уживајќи во самотијата. Тешко дека ќе се повтори ова. Многу тешко. Кој би рекол дека толку ќе ми фали. Толку малку за среќа.
Главата горе девојче и чекори напред. Погледни што успеа да постигнеш, а тек си на почетокот. Дај си го значењето што го заслужуваш, не им ведни глава на оние што сакаат да те срушат, биди горда на себе си.
Биди горда на тоа што го постигна годинава, а следната ќе биде уште подобра. Се што вложи во себе овој период ќе ти се исплати. Keep going.
Целата работа на себе се исплатеше,што се извади од душата на тој психотераписки кауч, ех, зарем мораше да ја раздаваш душата на неблагодарни,и трунче за себе да не оставиш? И сега како со пола срце ке сакаш?
Само те молам не продолжувај да бидеш будалата сите што ќе ја газат. Не не е себично да се завземаш за себе си !