Зашо си мори волку невнимателна и не знаеш материјални работи да цениш? Не ти чини ова да знаеш. Опамети се сместа и пази што праиш веќе еднаш. Цени и чувај го тоа што го имаш, не така ноншалантно да се понашаш како парите на претек да ги имаш. Аман шо ти е бе и до кога вака неозбилно ма будало? Глуперда, ко да немаш два грама акал постапуваш во одредени ситуации. Што фатиш, уништуваш, па кај го има ова? Буквално го топиш. Собери си го умот и доста више со неразумните потези. Прекини!
Ајде затвори ги очите, замижи, застани за момент, избегај барем за миг од овој свет кој се повеќе и повеќе мириса на тага и болка, на умор, свет кој секој ден се повеќе и повеќе се влажни од солзите на овие несреќни луѓе и нурни се во најголемите длабочини на твојата душа. Застани, остави го срцето за прв пат во животот да размисли само и почекај го со сигурност вистинскиот одговор. И да, знам дека си несигурна во себе, дека светлината на крајот од патот ти се гледа недостижна, дека не е се како бајките кои мама ти ги раскажуваше ама ако си заборавила да те потсетам секогаш за неа Ти беше принцезата која после расплетот "среќно живееше до крајот на животот". Твојот расплет можеби не е сега, можеби ја живееш перипетијата на делото наречено живот, ама "крајот го краси делото", расплетот е долго очекуваната светлина. Принцезата станува кралица, а престолот, престолот е твој кралице! Новата кралица среќно и исполнето си живееше до крајот на животот, звучи убаво зарем не?
Never stop growing. Мора да се носиш со предизвиците, тоа е, колку и да е тешко ама мораш. Тоа е што е. Знам дека тие тешко и чувствуваш болка и грутка во градите гледајќи ги другите како се исполнети со среќа и се среќни, како се смешкаат, но остави, не форсирај ништо, никој не знае кога и каде и со кого муе среќата. Моментално стави се ти на прво место, биди ти приоритет на самиот себе, гради се и физички и карактерно. И само продолжи така, продолжи да вежбаш напорно, само тренирај, единствениот спас и бегство од сите не убави чувства е во теретана. Единственото место кое моментално те воздигнува и одржува во живот и ти дава енергија низ сите овие предизвици низ кои поминуваш. Вежбај, вежбај и не мисли на ништо, препушти му на Бог тој да си ги подреди коцките, твое е само да не губиш надеж. И остани она што си, со овие доблести и етички вредности кои ги поседуваш, зошто во џунглата на 21век не секој ги поседува. И не заборавај, Just grow.
Еве, ова ќе ти кажам јас: биди цврст и храбар, не плаши се од осаменоста и не се ужасувај, не си сам, зошто Господ, твојот Бог, е заедно со тебе, каде и да одиш. Колку и да има темнина, секогаш ќе има ѕвезда водилка која ќе те осветлува.
Си размислувам за себе ретроспективно последниве 2-3 години колку му помина набрзина и постигнав повеќе работи. Гревота е да речам дека сум незадоволен... Ако себе си се опишам како домашарче, би кажал дека лека полека, чекор по чекор добро ми оди, станбено сум осигуран и куќа и стан. Кола купив иако малку се надминав себе си, во смисла побрзо ја купив од очекуваното.. ама презадоволен сум. Работата како таква ми носи приходи, стабилна е и редовно исплаќаат и во последно време добра е со плата, не можам да речам дека е ниска. Одморен сум, прошетан... Па шо да биди... едино нешто што би се советувал себе си, и тие работи што сум ги изгубил, или пак одлучил да затворам некои врати итн, иако ми е криво малку, ама и од таквите работи се учи и оформува карактер. Ќе биди се во свое време.. Биди добар а не наивен. Исто така нека помини се како што си течи засега до Нова година и после ќе му ја мислиме за други работи и покрупни.
Мислев дека најтешкото нешто во животот е да делуваш, да се натераш да правиш тешки работи. Ама всушност, најтешкото нешто било да се соочуваш со предизвици, да правиш тешки работи и да одржиш ведар дух. Многу ми е жал што некогаш и некаде ја изгуби ведрината и оптимизмот. Се доведе до ситуација каде што правиш работи кои знаеш дека се добри за тебе, но не можеш да ги цениш ниту нив кога ќе ги совладаш, а особено не самиот процес на совладување, што е најважно, затоа што за некои работи процесот трае многу долго... Кога гледам видеа од познати, а дури и од обични луѓе, сите кажуваат дека 20-тите години им биле можеби најнесреќни во животот. Се грижеле за толку многу работи што не биле воопшто важни, имале ниска самодоверба, и едноставно не се чувствувале добро во своја кожа. За разлика од сега, кога се повозрасни и се чувствуваат многу попријатно и позадоволно сами со себе. Не знам дали е ослободувачки, ама е добар контра поглед на тоа дека 20-тите години се пикот на животот. Барем така сакам да верувам дека е, дека има крај на целата негативност што ме обзема сега...
Како што си ја закопа наивноста, изгледа така ќе мораш да си ја закопаш и финоќата. Те испосопна безброј пати. Загази и затрчај се без да се препрашуваш.
Будало една невидена! Ти си ќорава од љубов кон еден ист човек цел твој век! Ти нем спас уше од коа го слушна неговото име за прв пат пред едно 10год! Вирус ми је тај у крви Крај неам коментар сама за себе!
Би си кажала дека сум горда на себе, од каде до каде стигнав, сама, без никаква помош или поткрепа, освен подршката од маж ми секако... И би си кажала да не ставам све при срце и да не се замарам за работи и за луѓе за кои не вреди