Можеш, уште малку е. А сега веќе и мора да биде, и знаеш дека ќе биде оти опција друга нема. Ветувањата мора да си ги остварат!
Фокусирај се на убавите нешта! Имаш причина и можеш... Остави на времето да се исфилтрира моменталната ситуација. Промените го прават животот. И мирен и турбулентен...
Труди се да останеш позитивна и смирена. Не се замарај за луѓе што не се замараат со тебе! Со тек на време се ќе биде подобро.
Нешто губиш, а нешто добиваш, јбг. Не си ја тупи главата кога правиш работи што се во твој интерес. Стварно таа одлука е правилната, бар така ти изгледа, што значи е, во моментов. Нема простор за вина ако се чуваш себеси. Не сфаќам зошто си толав мазохист, се што е најтешко и најкомплицирано, и најмногу те жртвува тебе мислиш ќе те најправи најсреќна. Значи, што човек ќе беше. И не заборавај да си купиш шише вино, за ако вината не те слуша.
Знаеш дека мора поинаку да ги гледаш работите и дека мора да биде подобро. И ова ќе помине, сама се бореше, никому не должиш, сама си заслужи.
Стисни заби... немам што друго да ти кажам. Само стисни и стисни го него, само со него се имате на крајот. И се ќе помине, не мора да е се секогаш вака. Благослов е да го имаш и тоа е една од работите за кои треба да си преблагодарна. Нека заврши денот и повлечи линија, ова е неподлосниво.
Се видов себеси, но навидум, но навидум без причина, по навика си велам пак, извини тоа не сум јас. А можеби сум луд зборувајќи самиот со себе, а можеби сум луд тоа не сум јас, тоа не сум... Тоа не сум јас, тоа сум јас во себе, тоа не сум јас, тоа сум јас без себе, тоа не сум јас, тоа сум јас во себе, заробен, заробен во себе.