Ме лажеше,јас неа не Ме изневеруваше,јас неа не Ме издаде, јас неа не На крај поново ме бараше Јас на неа НЕ!!!
Некогаш не треба многу да кажуваш, да споделуваш, и да се фалиш како се чувствувуваш, зашто за момент негативно тоа ти се одразува. Ко ѓавол да влегува у тебе, па те тера да праиш некои глупости.. Се каеш, но, сепак се десило. Па не знам и јас со себеси до коа ќе терам вака? И слободно, нека те мислат како мислат они, заслужи. Можеби таква слика оставам, и покрај тоа што не сакам да оставам. После немало некои знаци кои укажуваат на нешто лошо, и се мајтапиме со нив, дека биле глупост, ахам важи..
-Кога златото рѓосува Тоа не е злато -Кога пријателот ке замине Тој не ти бил пријател -Кога љубовта завршува Таа никогаш и не постоела
Случајно вртејќи по темиве, наидов на пост од член кој првпат го читам, но не можеше да биде поточно ова за мене. Буквално ова те опишува тебе будало И што е најстрашното, немаш муда да смениш нешто.. Сакаш, ама само останува на сакање. Ајде, чим си решила терај, далеку секако нема да догураш.
Не приметувај сѐ и сешто, не претчувствувај сѐ и сешто, немај толку лоша интуиција, за да живееш малку во заблудите на луѓето кои овие “квалитети” ги немаат. И поубаво и полесно поминуваат од тебе. Биди помалку сентиментална на минорни коментари и постапки од блискиот круг на луѓе, и помалку длабоко ги сфаќај секојдневните постапки и киксови на блиските (да не си правиш филмови) чисто онака ради внатрешен духовен мир. Понекогаш споделувај ги предизвиците и проблемите со кои се соочуваш. И не води бриги за работи кои на моменталнава возраст не можеш да ги контролираш. Почнувај да бришеш луѓе од животот пред да ти се прелие чашата со последната капка. Пошто тогаш од бес раскрстуваш на најлош можен начин. Биди помалку злопамтило, немаш корист од тоа.
Продолжи да работиш на нешто што не е лесно, особено на себе, макар и сите природни човекови закони и животот да се против тебе, нема ништо лесно на овај свет и овај живот, но само еден е мостот меѓу амбициите и успехот, а тоа е дисциплината, препознатлива особина за тебе. keep pushing forward young boy.
И самата си пиша дека еден ден се ќе биди зад нас. И ете, зад нас е. И доброто врви, и лошото. Круг е животот и така си живуркаме. Научи да не се плашиш and I'm proud of you for that.