Кога ќе прочиташ " што би му кажале" тоа да ти било " што би си кажале" Ај си реков колку лезбејки се појавиле од нигде никаде, порано не беше вака во оваа тема Патем што би си кажала, се надевам дека еден ден ќе се смееш на сето ова што поминуваш сега. И тој ден сакам да е што поскоро, а знам и дека нема да биде за скоро...
Како можеше да му го заборавиш роденденот? Памтиш родендени на секакви небитњаковичи, на својот најблизок го заборави.. Срам и треба да ти е..
Епа ти си, те.знаеш да бидеш, по потреба, само што они таа страна не ти ја знаат доволнo. Eпа биди, по потреба, безмилосна и тоа, се по заслуга. "Does a scorpion sting when fighting back"? До задњи пепео babe. Никогаш нема да ти здосади, ти текнува? А у меѓувреме ладувкај си, и уживај, си заслужи.
Отвори си нов лист и започни нов живот, остави го минатото во минатото, не се труди околу некој кој веќе не го заслужува тој труд, секој што сака да не те изгуби ќе остане покрај тебе, а кога сака да си оди пушти го не те заслужува.
Последниве месеци си стави многу товар на душата. Од толку напор да бидеш добра во работата, заборави на себе. Паника и стрес ти е секој ден дали сѐ си направила со ред, работата ти стана покомфорно место отколку дома зашто кога си дома, не можеш да направиш нешто ново и корисно Ама те молам диши. Те молам не си го прави ова. Нема секогаш да бидеш совршена, и ќе грешиш, и ќе мораш да направиш пауза за да пробаш пак. И во ред е. Не се плаши да ги отргнеш мислите и едноставно некогаш да уживаш. Ќе ти биде тешко ама пробај, ќе сфатиш колку беспотребно си се мачела
Сакај се себеси и не се секирај за туѓото мислење. Луѓето ќе си зборуваат секако. Уживај во секој момент. Не форсирај ништо. Ако осетиш дека некаде не припаѓаш, оди си. Ако интуицијата ти кажува за нешто дека не е во ред, верувај и. Не лаже.
Три години со ред сонот ти го кршат заради банална причина. Но сепак се надеваше, веруваше и даде се од себе и пак отиде, ете тоа се вика дисциплина. Знаеш дека вчера делеше од сите така? Мислам знаеш, самиот виде, особено другите, баш тие што требаше да видат зошто и тие самите не беа ни на твое ниво, па затоа те понудија да си дел од нив. Го предводеше тимот, единствен беше само ти што имаше посветено труд и дисциплина на физичките способности, додека другите беа сите ниво нула (0). Но што ти вреди да си успешен лично кога на државата не и е гајле дали ќе има професионален кадар или пак не? calm down boy, она што е твое ќе си дојде, не знаеш во што и каде ти е среќата.
..тоа малку што ми треба и што никој не успеа да ми го пружи. И баш тоа малку во секунда ќе го ,,сварам" и заборавам засекогаш. Се спомне ли, ќе го сотрам сето пред мене.
Вечито погрешно сфатена, или тотално несфатена. Куп осуди, исмевања, погрешни перцепции кон тебе и за тебе, али ако, постои кармата. Нека си работи. Не се нервирај, слободно нека си мислат што сакаат, нивно право е. Тебе мирна ти е совеста и кристално чиста. Само не биди уште толку наивна будала, се брукаш пред себе. Не пред другите, они ако те мислат можеби за таква, свесно им го даваш тоа право, a не знаат уствари ти како вешто можеш да управуваш со нив, немаат поим. Уште со најдобри намери ќе се подготвуваше, и со душа чекаше, као да се докажеш и покажеш у подобро светло.. Оф бе, за кого ли? Има ли за кого? Биди си приоритет самата, освен најблиските, верувај на никој не му е гајле за тебе. Апсолутно на никој. Не се будали ко тебе, па да те мислат како си, што си, дали си добра, како се носиш со потешкотиите, и слично..