Мораш да се зацврстиш. Немаш избор за друго. Не почнувај пак со тие твои паники. Април ти е болен, ама е и твој месец.
Виде дека ти се исполни желбата! Чекаше со месеци, и на крај бидна работа. Абе, ако треба да се случи нешто ќе се случи, и ете. A што е најбитно ти не се откажа!
Предобра си за повеќето луѓе. Не те заслужуваат. Знаеш дека едноставно нема да им си погодена никако, ќе ти фали све нешто, и нема да можат да те ценат. Нека бегаат, што е можно подалеку од тебе. С И Т Е !!! Самата им го покажуваш патот. Никој не ти ни треба. На интроверт ко тебе, очигледно никој не му треба. Не за џабе одамна истово го мислиш, и еве уште со истото мислење си. Ко предвреме да знаеш како ќе биде.. Се плашам од себе искрено и интуицијава. Е не те лаже таа, милион пати се потврдило.
Мислам дека доволно се трудеше, пушти ги луѓето кои не те сакаат да си одат, да те сакаа ќе се потруда да останеш покрај нив. Тешко е знам ама обиди се, остави се зад себе и чекори сам понатаму..
Ќе издржиш, ќе поминат и овие 3 месеци. Не си создавај дополнителни мисли и стрес, едно по едно ќе поминува, и се ќе биде добро. Секој со својата среќа, колку и да е и ти ја имаш.
Биди храбра драга А. Покажи му го на секој местото што го заслужува. Не си ставај премногу секирации на душата. Диши. Диши длабоко.
Сега е моментот кога треба да бидеш најсилен, не покажувај колку тебе те боли, на неа сега и требаш многу повеќе, биди силен за неа, инаку неможеш да и помогнеш..
Малце да ти покажат љубезност и одма отвораш муцката и гласно размислуваш,и споделуваш се за тебе.. олабај.
Порано ко пратев повеќе спорт и бев страствен навивач, на еден БАНЕР пишуваше: They don't love US, WE DON'T CARE.